Врвни странски слависти на 48. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ - Канал 5

Врвни странски слависти на 48. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ

Најавено е учество на истражувачи од САД, Русија, Јапонија, Франција, Полска, Словенија, Хрватска и  Србија, како и од нашата земја. 

Врвни странски слависти на 48. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ

Седумдесетина македонисти, слависти и балканисти од земјата и од странство ќе учествуваат на 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто денес и утре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид и виртуелно – на далечина. Најавено е учество на истражувачи од САД, Русија, Јапонија, Франција, Полска, Словенија, Хрватска и Србија, како и од нашата земја. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат своите истражувања на носечката тема на Конференцијата – „100 години од раѓањето на Блаже Конески – стожер на македонскиот јазик, литература и култура". Оттука, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и еден од најголемите научни собири посветени на великанот Конески во рамките на досегашното одбележување на стогодишнината од неговото раѓање.

Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи денес, со почеток во 10 часот. Поздравни говори ќе одржат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ и проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска, којашто е и координаторка на лингвистичката секција на Конференцијата. Во рамките на свеченото отворање ќе биде промовиран и зборникот од минатогодишното издание на конференцијата, при што промотивна реч ќе одржи директорката на Институтот за македонска литература, проф. д-р Наташа Аврамовска. По отворањето, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура, и тоа во текот на првиот работен ден со физичко присуство во Конгресниот центар на УКИМ, а во текот на вториот работен ден, виртуелно.

Особено радува што меѓу учесниците на Конференцијата коишто ќе претстават свои истражувања за делото на Конески се и врвни странски слависти. Меѓу другите, за првпат на конференција организирана од МСМЈЛК при УКИМ ќе учествува и истакнатиот јапонски славист, проф. д-р Мотоки Номачи, којшто пред неколку години ја најде првата современа Граматика на македонскиот јазик – нарачана од президиумот на АСНОМ, а напишана во 1947 година од рускиот професор, Самуил Борисович Бернштејн, но необјавена заради влошените советско-југословенски односи, по што седумдесет години се сметаше за исчезната. На конференцијата, тој ќе говори за интеракцијата меѓу Конески и Берштајн, преку исчитување и анализа токму на новопронајдени, архивски материјали. Учесничка на Конференцијата ќе биде и проф. д-р Ирена Савицка, којашто е едно од најголемите имиња на полската лингвистика и е соавтор на „Фонологија на македонскиот стандарден јазик". Како соавтор на реферат, на Конференцијата ќе учествува и проф. д-р Грејс Филдер, којашто е еден од најистакнатите балканисти од САД – познавач особено на историјата и културата, како и проф. д-р Елена Вержникова од Московскиот државен универзитет „Ломоносов". Тие се само дел од значајните научни имиња коишто се дел од лингвистичката секција на Конференцијата.

Во секцијата за литература и култура пак, меѓу другите, од Московскиот државен универзитет „Ломоносов" ќе учествува академик Ала Шешкен, којашто претходно учествуваше и на 54. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а беше промовирана и нејзината најнова книга за македонската книжевност. Исто така ќе учествува и академик Златко Крамариќ од Филозофскиот факул­тет на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер" во Осиек, којшто е еден од најпосветените истражувачи на македонската култура во Хрватска. Меѓу поистакнатите учесници од странство, во оваа секција ќе учествува и проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет во Љубљана, којашто веќе повеќе години покрај тоа што е исклучителен истражувач на македонската книжевност, како универзитетски професор и преведувач е еден од најголемите афирматори на македонската култура во Словенија. Координатор на секцијата за литература и култура е проф. д-р Трајче Стамески.

Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на Конески, коишто ќе произлезат од активностите оваа година, по повод стогодишнината од неговото раѓање.

48. Меѓународна научна конференција е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер