ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови - Канал 5

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови

Снимките што изминативе недели беа објавувани во белгиските медиуми и на социјалните мрежи за кои се тврдеше дека прикажуваат неидентификувани дронови над аеродромот во Брисел и над воена база, всушност се снимки на полициски хеликоптери.

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови

Снимките што изминативе недели беа објавувани во белгиските медиуми и на социјалните мрежи за кои се тврдеше дека прикажуваат неидентификувани дронови над аеродромот во Брисел и над воена база, всушност се снимки на полициски хеликоптери и на товарен авион на „Де-Ха-Ел“, објави синоќа белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ.

Изминативе недели во повеќе наврати полицијата и медиумите во Белгија добиваат пријави од сведоци, кои тврдеа дека виделе или дури и снимале дронови во близина на аеродроми, нуклеарни централи или воени бази.

Но, како што наведува ВРТ, само мал дел од овие, како и од снимките објавени на социјалните мрежи, прикажуваат дронови.

Така, снимката на „огромен дрон“ над аеродромот „Зевентем“ во Брисел во вечерните часови на 4 ноември, што беше објавена во некои медиуми, всушност се покажа дека е хеликоптер во лет. Дополнително, во објаснувањето на снимката се тврди дека таа е направена од Контролната кула на аеродромот, но кон крајот на видеото таа „влегуваа“ во кадарот и се гледа во осветлена во црвено.

Со внимателна проверка на видеото е утврдено дека станува збор за хеликоптер на Дирекцијата за воздушна поддршка на Федералната полиција (ДАФА), кој бил испратен во извидница по добиените информации дека во реонот над аеродромот наводно е регистриран дрон.

За видеата од следната вечер, на 5 ноември, за кои се тврдеше дека прикажуваат дрон над воениот објект во Хеверли, всушност се покажа дека исто така е полициски хеликоптер кој бил испратен во реонот по пријава на локални жители дека виделе „објект во воздухот“.

На видео од 6 ноември објавено на еден медиуми, кој тврдеше дека негов новинар снимил дрон над воздушниот простор на „Зевентем“, всушност се гледа авион на курирската служба Де-Ха-Ел, која има своја филијала на аеродромот.

ВРТ посочува дека ова не се единствените случаи на погрешна идентификација на летала, што довело до лажни извештаи за дронови.

Така, пренасочени авиони кои летале по невообичаени рути од страна на локални жители биле идентификувани и пријавувани како „дронови“. Како неидентификуван дрон бил пријавен и мал рачно изработен авион-макета на пилот-аматер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува!

Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор.

Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност?

Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“!

ЛИДЕМ бара итно:

* Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето.

* Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство.

* Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита.

* Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците.

* Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата.

Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат!

Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума!

ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште!

Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ?

СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО!

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните.

Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази.

На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.

Франција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести

Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција.

Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите.

Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз

Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“.

Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез.

Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер