Врската меѓу човековата еволуција, силата во ракувањето и сексот - Канал 5

Врската меѓу човековата еволуција, силата во ракувањето и сексот

 Ракувањето открива подробности за Вашиот сексуален живот, посочува ново истражување објавено во списанието „Еволуција и човеково однесување“ (Evolution and Human Behavior).

Врската меѓу човековата еволуција, силата во ракувањето и сексот

Во испитувањето учествувале над 4.000 возрасни лица од САД.

Научниот труд ги испитува силата на дланката, и на горниот дел од телото, како и одговори на прашања за сексуалноста. Така, мажите кои имаат посилно ракување имаат поголема веројатност да бидат во долги врски и да имаат повеќе сексуални партнери, отколку нивните врсници.

Од друга страна, пак, и жените со посилен стисок имаат повеќе сексуални партнери од нивните врснички со послаб стисок. Сепак, се чини, силата на стисокот не е поврзан со должината на нивните врски досега, според наводите.

Стручњаците долго време теоретизираат дека силата на мажите е нивниот еволутивен печат, бидејќи машките човекови предци се натпреварувале со други мажи за да ѝ пријдат и да ја добијат партнерката, што всушност, претставува опстанок на најсилните во видот. А пак, друга теорија тврди дека посилните мажи биле попосакувани за партнери тие оделе на лов...

Сè уште не е јасно како силата на жените влијае на нивниот сексуален живот. Водечката авторка на трудот, Керолин Смит смета дека посилните луѓе, воопшто, имаат повеќе и подолгорочни сексуални партнери, без разлика дали се мажи или жени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.

За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста.

Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси.

Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: 2 години Влада на Мицкоски- уништување на македонското земјоделство

Две години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство.

Кузеска: 2 години Влада на Мицкоски- уништување на македонското земјоделство

Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем - сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците.

За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во вкуната економија.

Ветуваа сигурен откуп, загарантирани цени, повисоки субвенции, инвестиции, поддршка за младите земјоделци и заштита на домашното производство.

Ги излажаа земјоделците, нитшо не исполнија.

Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%.

Ветија 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Не само што не се 180 милиони евра, туку и ги намалија за 40 милиони евра.

За две години цената на млекото се намали за 10 денари а, субвенциите кај кравите се намалија од 12.000 денари на 8.000 денари

Две години се крши Законот за вино и не се објавува производната цена на грозјето за двете сорти Вранец и Смедеревка.

Две години за лозарите по килограм нема субвенции но затоа две години има за винариите и тоа по 10 денари за килограм грозје.

Ветија поголеми субвенции за пченицата и јачменот но не само што не ги зголемија субвенциите туку дополнително ги условија земјоделците ако сакаат да добијат субвенции мора 30% од производството да биде предадено кај регистрирани откупувачи.

Ветуваа поголема поддршка за малите земјоделци но им ги зголемија минималните прифатливи површини како услов за добивање на субвенции со што голем број на мали земјоделци нема да можат да добијат субвенции.

Не им кажаа на земјоделците дека ќе ја укинат авансната исплата но го направија тоа и сега им должат неисплатени субвенции од 2025 година а законскиот рок за исплата на субвенции до 30 јуни 2026 истекува.

Нема повисок и достоинствен доход за земјоделците - земјоделците, луѓето кои работат од утро до мрак на нива, во фарма, се понижени и осиромашени од оваа власт.

Ветуваа инвестиции од стотици милиони евра во хидросистеми и модерни системи за наводнување „капка по капка“. Ништо нема - капиталните проекти во водостопанството се целосно стопирани.

Нема зголемен сточен фонд. Сточарството во Македонија е пред тотално изумирање, фармите масовно се затвораат поради скапата сточна храна и ниската откупна цена на млекото.

Нема неповратни финансиски средства за младите земјоделци. Нема нови откупни центри.

Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО!

За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството, рече Богданка Кузеска од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер