8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
18 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаВршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: Уапсени 18-годишник и малолетник од ТетовоСексуално злоупотребувани, снимани и нудени на други лица, две малолетни сестри поминале вистински пекол во Тетово..Според информациите, врз помладата сестра, 13 годишна, имало обиди за злоупотреба, а повозрасната, 15 годишната, била злоупотребувана во неколку наврати. Грозоморниот чин го пријавила мајката, а осомничените, од кои едниот е малолетник, другиот 18 годишен се приведени уште вчера, а известен е и јавен обвинител. -Во село Горно Седларце и во Тетово, ги лишиле од слобода А.Е 18 годишен од Тетово и малолетник исто така од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37 годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз нејзините две малолетни ќерки, а притоа ги снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица,- -Фатмир Реџепи – Портпарол на СВР Тетово. Според психолозите, алармантно е толку млади лица да планираат и сторат ваков грозоморен чин. Велат, лицата треба да бидат дијагностицирани, а меѓу причините за однесувањето сметаат дека е пристапот до секакви содржини на интернет, како и семејните услови. Што се однесува до жртвите, овие трауми велат, оставаат сериозен белег, но со соодветна помош може да се надминат. Клучно е според нив, децата од најмали нозе да научат да се заштитат себеси. -Последиците можат да бидат многу големи, после вакво трауматско доживување, да тие понатаму целиот живот биде баш обележан со ова. Тоа би требало да почне уште рано во детството, прво да им се каже дека нема право никој да ги допира без нивна дозвола, не смее ни за рака да ги фати ни да биде блиску до нив, децата имаат право сами да одредат кое е нивното поле или личноста да ја оберат со која комуницираат, дека се достојни и храбри да бираат со кого се дружат. Блискост со родителите, да можат да им кажат се, за непристојни понуди, за непристојно однесување, за различни обиди, да ги заведат,- Мирјана Јовановска – Психолог. Последен случај кој доби судска разрешница пред половина година е за 13те велешани кои силувале малолетничка и им се изрече вкупна казна од 33 години, од кои највисоката беше 5 и пол, а судијката која го водеше случајот, кажа дека ваквата пресуда е битка за идните генерации. Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасадаОсум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје. Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита. 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата. Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПознати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија.... Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија., Составот на шеширите е следен: Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн . Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни: 1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи) 5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи) 9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) 10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) . Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.Тагови: ЕУРО 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: И Трамп пристигна во ШенженПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен. Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави. Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN. Le président américain Donald Trump est arrivé ce mercredi matin à Shenzhen, dans le sud-est de la Chine, où il doit participer ce jeudi à un sommet inédit avec ses homologues chinois Xi Jinping et russe Vladimir Poutine en marge d'une réunion régionale, dans #HDPros https://t.co/9PGj1PhS60 — CNEWS (@CNEWS) November 18, 2026 Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре. Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми. Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.Тагови: Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook