Врнежите добредојдени за есенските посеви, но за да се зголемат приносите потребна е прихрана - Канал 5

Врнежите добредојдени за есенските посеви, но за да се зголемат приносите потребна е прихрана

Врнежите добред дојдени за житариците, но проблематични за резидбата на овошките и лозјата. Експертите со препорака до земјоделците да се искористат врнежите за да се прихранат есенските посеви за да имаме зголемено производство на лебно жито.

Врнежите добредојдени за есенските посеви, но за да се зголемат приносите потребна е прихрана

Врнежливот период кој ќе ја зафати земјава во следните неколку дена е добре дојден за земјдоелството.

Според агро метролозите долготрајното зимско затоплување со надпросечно високи температури не својствени за овој период од годината веќе почна да прави проблеми предизикувајќи недостиг од влага но од друга страна ваквите темератури се идеални за почеток на резидбите во овоштарството и лозарството кој по традиција започнуваат на 14 ти февруари, Свети Трифун.

Науката пак со совет до земјдоелците ако имаат услови во време кога се дождовите да ја направат првата прихрана а а ко не успеат тогаш да одат на една прихрана која ќе биде подоцна.

Заради временските услови односно сушната есен и сеидбата беше доста покасна па и посевите сега се во пониска фаза од својот развој.Есенските посеви под пченица и јачмен годинава според проценките од терен ги има нешто помалку од лани.

Причина за тоа се ниските откупни цени кои ги демотивираа земјоделците во време кога сеуште се високи цените на репроматеријалите со што и годинава надополнувањето на потребите од лебно жито ќе се прави со увоз кој најчесто е од соседна Србија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години.

Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.

Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште.

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана.

-Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер