АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветВрховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во ЧикагоВрховниот суд на САД денеска му стави на претседателот Доналд Трамп нова пречка во неговите планови за распоредување на Националната гарда во Чикаго.Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател со кое се тој иницираше суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната гарда во државата Илиноис, јави ДПА. Националната гарда е воена резервна сила која е дел од вооружените сили на САД. Секоја држава има своја Национална гарда, која е под контролна од државната влада. Меѓутоа, во одредени околности, американскиот претседател може да ја преземе командата. Трамп во последните неколку месеци нареди распоредување на Националната гарда во неколку поголеми градови, честопати спротивно на желбите на локалните и државните власти. Првото такво распоредување се случи во Лос Анџелес, каде што избувнаа протести поради рациите на агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) насочени кон мигрантите. Војници на Националната гарда се распоредени и во главниот град на САД, Вашингтон. Чикаго постојано се наведува од Трамп како друга потенцијална локација за распоредување поради протестите против рациите на ICE. Во октомври, тој повика стотици членови на Националната гарда во регионот на активна должност, а дополнителни војници беа испратени во Илиноис од Тексас. Градот предводен од демократите во американскиот Среден Запад стана фокусна точка на отпорот кон пристапот на Трамп. Раководството на Чикаго и владата на државата Илиноис покренаа правна постапка, што го натера федералниот суд во Чикаго да го запре распоредувањето. Владата на САД поднесе жалба на пресудата, но Апелациски суд, исто така, одби да дозволи распоредување на трупи. Потоа Трамп се обрати до Врховниот суд, што сега, исто така, одби да се интервенира во државата Илиноис, пренесе ДПА. Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook