Врховниот суд на Црна Гора ја одложи екстрадицијата на „кралот на криптовалутите“

Врховниот суд на Црна Гора нареди одложување на екстрадицијата во случајот со До Квон, попознат како „Кралот на криптовалутите“ во Јужна Кореја.

Одлучувајќи по предлогот на Врховното државно обвинителство на Црна Гора да се одложи извршувањето на Решението на Вишиот суд и Решението на Апелациониот суд поднесено со Барањето за заштита на законитоста на ВДТ, е одлучено да се одложи Решението за екстрадиција на обвинетиот Квон До Хјонг во Јужна Кореја, по барање на Министерството за правда на Јужна Кореја, од 24 март минатата година, во очекување на одлуката по поднесеното барање за заштита на законитоста, беше соопштено од Врховен суд.

До Квон и неговиот деловен партнер Чанг Јун беа уапсени на 23 март минатата година на аеродромот во Подгорица кога со лажни пасоши се обиделе да отпатуваат со приватен лет за Дубаи. Тие биле осудени на четири месеци затвор за фалсификување пасоши во Црна Гора.

Според претходното соопштение на Високиот суд, Јужна Кореја го тужи До Квон за кривично дело неправедно тргување, измама и кршење на јавната понуда.

Екстрадицијата на До Квон беше побарана од САД, односно од Окружниот суд на јужниот округ на Њујорк, кој го товари за неколку кривични дела, вклучувајќи заговор за измама за купување и продажба на хартии од вредност, електронска измама и манипулација со цените на хартиите од вредност.

НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада синоќа Денвер Нагетс со 119-108 во конференциското четвртфинале на Западната конференција во НБА лигата и ја забележа првата победа во серијата во која Денвер сега води со 3-1.

Лејкерси до воведниот триумф ги предводеше првата ѕвезда Леброн Џејмс со 30 поени. Ентони Дејвис придонесе со 25 поени, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 21 поени.

На спротивната страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл дабл (33 поени, 14 асистенции и 14 скокови).

Лејкерси го победија Денвер за прв пат во последните 12 натпревари од декември 2022 година, но им претстои тешка задача на петтиот натпревар кој ќе се игра во Денвер. Ниту еден тим во историјата на плејофот на НБА не успеал да се врати во серијата до четири победи по негатива од 0-3.

„Сè уште заостануваме 1-3. Денеска ја завршивме работата и ја продолживме нашата серија, но мораме да бидеме уште подобри“, изјави Џејмс.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер