Врховниот суд го ослободи кардиналот- педофил , кој излегува од затвор

Врховниот суд на Австралија го ослободи поранешниот благајник во Ватикан, кардиналот Џорџ Пел (78) од обвиненијата за сексуален напад врз две момчиња во 90-тите и му дозволил да излезе од затвор.

Седум члена на Врховниот суд донесоа едногласна одлука дека поротата на судењето на кардиналот Пел „морала да се изјасни за виновен“  и затоа ја поништи осудата во најзначајниот случај на наводна сексуална злоупотреба во историјата на Католичката црква.

По оваа пресуда на Врховниот суд, на Пел веќе не може да му се суди повторно за овој случај.

Кардиналот Пел ја негираше својата вина во текот на целиот процес.

"Јас немам лоши размислувања за мојот обвинител. Не сакам со моето ослободување дополнително да повредувам и налутам некого. Тоа беше премногу. Како и да е. Единствено што е важно е дали сум ги извршил тие гнасни злосторства за кои сум обвинет или не ", изјави Пел по ослободителната пресуда.

Минатата година, Пел беше осуден на шест години затвор за сексуално злоставување на момчиња под 16-годишна возраст, додека служел како надбискуп на Мелбурн.

Кардиналот Пел беше назначен од папата Франциск во 2014 година за ватиканскиот благајник, но по затворањето минатата година тој беше ослободен од должностите.

притисни ентер