Врховен суд: Роман Полански нема да биде испорачан на САД - Канал 5

Врховен суд: Роман Полански нема да биде испорачан на САД

Полскиот Врховен суд ја потврди пресудата на понискиот суд - познатиот режисер Роман Полански нема да биде испорачан во САД каде е осуден за секс со малолетна девојка.

Врховен суд: Роман Полански нема да биде испорачан на САД
САД бараа од Полска да го испорачаат Полански по неговото јавно појавување во Варшава во 2014 година.

Судот во Краков во октомври го отфрли барањето Полска да го испорача режисерот доколку тој стапне на нејзина територија.

- Ако Полска го прифати барањето за екстрадиција на Роман Полански тоа ќе ги наруши правата на Полански како и Европската конвенција за човекови права - изјави тогаш судијата. Судиите во Краков беа критични кон истрагата која во САД се водеше против Полански, и оценија дека обвинителите и судиите ги нарушиле правилата на фер судење.

Но во номеври 2015 новиот полски министер за правда најави дека одлуката ќе се ревидира за да се избегнат „двојни стандарди“.

- Тој е обвинет за криминал против дете. Дали тоа значи дека еминентните уметници можат да си дозвлат да силуваат или да прават други криминали додека „обичните“ се сурво казнувани? - рече тогаш министерот за правда Збигњев Зиобро.

- Врховниот суд ја отфрла жалбата - изјави денеска судијата Мишал Ласковски, и стави крај на одлуката - Полански нема да биде испорачан на САД.

Познатиот режисер Роман Полански (83) и добитник на Оскар инаку живее во Франција и избегнува да патува во земји кои би можеле да го испорачаат во САД.

Тој планираше да сними филм во Полска но се откажа поради американското барање за негово испорачување.

Во САД Полански е обвинет за силување на Саманта Гејли во 1977 година, која тогаш била 13 години а тој 43. Тоа се случило во Лос Анџелес, по фото - сесија.

Таа го обвини дека ја дрогирал а потоа ја принудил да има секс со него, а тој се изјасни за виновен и го избегна судењето, но потоа ја напушти Америка.


Саманта Гејли, која сега се презива Гејмер, во 2013 објави книга во која го опишува тоа што се случило со Полански. Пишува дека тој и дал д апие шампањ а потоа и дал таблета за спиење по што ја силувал во куќата на Џек Николсон.

Во нејзината книга „Девојчето: Живот во сенката на Роман Полански“ мајката на 3 деца вели дека не го мрази режисерот и му простила.

- Моето семејство никогаш не бараше Полански да биде казнет - вели таа.

Роман Полански е роден во Париз во 1933 година. Пред втората светска војна тој со семејството се вратил во Полска. Кога имал 8 години Нацистите ги уапсиле неговите родители во еврејското гето во Краков и ги пратиле во концентрационен логор од каде енговата мајка не се вратила.

Во 1968 тој се сели во Холивуд каде го снима својто прв интернационален хит филм „ Rosemary's Baby“.

Следната година неговата бремена сопруга, Шерон Тејт, и уште четворица пријатели, биле убиени во домот на режисерот од страна на Чарлс Мансон кој издржува доживотна казна затвор.

Полански живее во Париз со третата сопруга, француската актерка Емануел Сајнер, но често ја посетува Полска.

Тој не се врати во САД ни во 2003 година да го земе Оскарот за најдобар режисер за драмата „Пијанист“.




Image result for The pianist  director













Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа.

Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума.

Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства.

ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа.

Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.

Мерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики

Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt.

Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците.

Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците

Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап.

„Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе.

Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок.

„Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа.

Тие бараат подолга работа за иста плата

Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените.

Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела.

Затворањето на објектот во моментов е можност

Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер