Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховен го укина притворот на Александар Ѓорчевски,  таткото на убиената Вања Ѓорчевска и му определи куќен притвор и мерки на претпазливост..

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања заминува во домашен притвор. Врховниот суд ја уважи неговата втора жалба против мерката притвор во предметот за убиството на неговата ќерка. Ова решение доаѓа неколку часа по денешната јавна седница, на која тој повторни низ солзи побара да ја дознае вистината за убиството на неговата ќерка.

„Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Ми одзедоа се. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од мене. И јас водев моја истрага. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни.“

Бранителот на Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ информираше дека бил вештачен и мобилниот уред на Ѓорчевски, но засега нема информации до каде е постапката. Тој посочи и дека осомничениот не би можел да се даде во бегство бидејќи пасошот не му е важечки. Дополнително, Туфегџиќ во име на семејството на Ѓорчевски поднел и барање до Центарот за социјална работа, бидејќи тој немал контакт со неговата друга ќерка.

„ Трагичната судбина на овој човек, покрај тоа што го има загубено детето, неговата трагична судбина е во добра мера инспирирана од онаа несреќна и непрофесионална прес-конференција на тогашниот министер за внатрешни работи кој изнесе непроверени наводи, кои беа во јавноста пласирани во форма на обвинение и осудителна пресуда“, додаде Туфегџиќ

Александар Ѓорчевски е во притвор од 3ти декември кој го отслужува во затворот во Шутка. Тој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. За првоосомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадиција од Турција, а осомничени се и уште три лица кои моментално се во притвор.. Тој прв пат побара притворот да му биде заменет со куќен минатиот месец, но тогаш Врховен ја одби жалбата.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина

 Италија останува на ставот дека нејзините сили нема да се мешаат во вооружениот конфликт во Украина, бидејќи во случај на натамошна ескалација, Рим би изгубил многу, изјави синоќа италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето.

Во интервју за „Кориере дела сера“ тој истакна дека смета оти на Украина требало да и се помогне да избегне конфликт преку дипломатија и дијалог.

„Нашиот став не се менува, секогаш сме велеле дека треба да и се помогне на Украина и тоа го правиме, но ја исклучуваме можноста за директна интервенција на нашата армија во конфликтот“, рече Кросето.

Верстапен со прва пол-позиција во Мајами

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен за првпат победи на квалификациите во Мајами и ја забележа својата 38-ма пол позиција во кариерата.

Макс успеа да го доближи рекордот на Ален Прост од почетокот на сезоната 1993 година, кога „професорот“ победи во првите 7 квалификации, а Макс сега има шест последователни пол-позиции од почетокот на кампањата.

Макс го обезбеди првото место на стартот со својот прв брз круг во третиот дел од квалификациите, при што ниту еден од водечките возачи не можеше да ги подобри неговите перформанси во вториот обид.

Втор на стартот ќе биде Шарл Леклер со Ферари, а трет неговиот тимски колега Карлос Саинц, кој го дели вториот ред со другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

Колегите од Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри го зазедоа третиот ред, а Џорџ Расел и Луис Хамилтон четвртиот, при што седумкратниот светски шампион го подобри својот пласман во својот последен најбрз круг за да отиде од 10-то на 8-то место.

Топ 10 ги комплетираа Нико Хулкенберг со Хаас и Јуки Цунода со РБ.

притисни ентер