АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
1АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
МакедонијаВрховен детектирал пропусти во случајот„Ласкарци“, побара супервештачење и наложи ослободување на еден од осуденитеВрховниот суд утврди дека Апелација не докажала како конкретно секој од осудените придонел за трагедијата кај Ласкарци. Не е доволно утврдено како постапките на секој од осудените придонеле за автобуската несреќа кај Ласкарци – ова е една од клучните забелешки на Врховниот суд во образложението за укинување на пресудата на Апелација. Врховен посочува дека вештачењата како причина за несреќата го наведуваат пропустот на возачот, а ја нотираат и техничката неисправност на автобусот. Но, останало неразјаснето во која мера таа неисправност придонела за несреќата и како конкретно дејствијата на останатите осудени се поврзани со трагичниот исход. Според вештачењата, немало траги од кочење, а откако автобусот бил насочен налево и ја напуштил средната сообраќајна лента, возачот веќе немал техничка можност со сопирање да го избегне ударот во оградата. „Останува нејасно, врз основа на кои факти и докази второстепениот суд заклучува дека неспорно произлегува дека во дејствијата на останатите осудени се содржани елементите на кривичните дела кои им се ставаат на товар. За конкретните кривични дела потребно е постоење на субјективна одговорност на сторителот за конкретната сообраќајна незгода, но не и објективна одговорност.“ Забелешки има и за здравствената состојба на возачот Маноил Трифуновски. Поради спротивставените вештачења, според Врховен требало да се утврди дали е неопходно дополнително супервештачење. Највисокиот суд оценува и дека во првостепената пресуда преовладувал дескриптивен пристап со извадоци од доказите, без доволно образложение за заклучоците, а Апелација не ги отстранила овие недостатоци и дала воопштени одговори на прашања од суштинско значење за утврдување на кривичната одговорност. „Второстепениот суд недоволно ги ценел и наводите кои се однесуваат на начинот на водењето на кривичната постапка, како што е наводот на осудениот М.Т. за неспроведување на супервештачењето за неговата здравствена состојба, и други наводи истакнати во жалбите на осудените. При испитување на ваквите жалбени наводи потребно било да се утврди неопходноста од спроведување на супервештачење, ценејќи го фактот дали станува збор за спротивставени вештачења поднесени од спротивните странки.“ Со веќе укинатата пресуда, возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години затвор, сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари на по 10, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски од станицата за технички преглед на по 7, а Јане Боварски на 5 години затвор. Од Кривичниот суд денеска соопштија и дека Боварски се ослободува од понатамошно издржување на казната до донесување нова судска одлука, со објаснување дека станува збор за единствениот осуденик од предметот чија казна се извршувала преку упатен акт издаден од скопскиот суд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБААларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата. Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра. Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба. Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00