Вресокот како терапија за ослободување од стрес - Канал 5

Вресокот како терапија за ослободување од стрес

Клубовите за врескање, каде што луѓето се собираат за да врескаат како вид терапија за ослободување од стрес, стануваат сè попопуларни во САД, пренесуваат тамошните медиуми. 

Вресокот како терапија за ослободување од стрес

Ограноците од „Клубот за вресок“ (Scream Club) во Сиетл и Чикаго споделија дел од своите сесии.

Имено, групата луѓе којашто се собира во Западен Сиетл велат дека врескањето ги ослободува од нивните фрустрации, на пр. поради неодамнешно губење на работата, или стресот од две мали деца дома. По три вресоци, кај учесниците се забележува длабоко чувство на смиреност.

Тој септемвриски ден беше првото собирање на огранокот во Сиетл. Клубот е еден од 17-те групи ширум САД, а ги има и во Остин, Тексас; Чатануга, Тенеси; Атланта, Детроит; Сан Хуан, Порторико, итн.

- Имам толку силно чувство на приземност. Во тој миг, сите ваши сетила се засилени, изјави Амбер Волкер.

Инаку, првото собирање во Чикаго произлегло од брачната криза на еден пар. Основачите Ману Хернандез и Елена Соболева биле на прошетка крај езерото Мичиген кога Хернандез, тренер и инструктор за дишење ѝ предложил на својата сопруга да ги искажат сите свои фрустрации со еден гласен крик на брегот.

Неочекувано, во таа терапија им се придружиле и малкуте луѓе околу нив во тој миг. Така настанал и првиот „Клуб за вресок“. Состаноците на клубовите се одржуваат неделно или месечно, но секогаш во парк или покрај вода, со цел што е можно помалку да се наруши мирот во околината. Сесиите обично започнуваат со тоа што учесниците пишуваат на биоразградлива хартија од што сакаат да се ослободат. Пред групните вресоци следува низа заеднички длабоки вдишувања и вежби за загревање на гласот.

- Навистина може да го преоптоварите грлото ако просто почнете да врескате. Затоа сè тоа оди постепено. Дишите од дијафрагмата, го засилувате гласот полека и преминувате на погласно и погласно, објаснува Соболева.

Сите врескаат трипати заедно, земајќи неколку длабоки вдишувања меѓу вресоците, а потоа ги фрлаат парчињата хартија во водата.

Техниките на „Клубот на вресок“ се засноваат на „Терапијата со исконски вресок“ - теорија развиена во 1960-тите од психоаналитичарот Артур Јанов. Тој верувал дека трауматските искуства од детството создаваат немири кај возрасните, коишто можат да се третираат под надзор на терапевт и да се ослободат преку врескање и плачење.

Сепак, научните истражувања не покажуваат дека оваа терапија е делотворна за ментални нарушувања, според Ашвини Надкарни - професорка по психијатрија на Медицинскиот факултет на Харвард.

- Но, тоа е одлично средство за ублажување на стресот. Самото врескање ги активира мозочните виуги во амигдалата и хипокампусот - „најстариот дел од нашиот мозок“ одговорен за обработка на стрес и емоции. Врескањето го активира и симпатичкиот нервен систем, или одговорот „бори се или бегај“. Кога врескањето ќе престане, се активира парасимпатичкиот систем, кој испраќа сигнал до телото да се одмори. Тоа е истиот регулаторен циклус што се случува кога вежбате. Срцето ви чука забрзано, ви останува без здив, а потоа се опуштате и го чувствувате овој мир, појасни проф. Надкарни.

Покрај физичкото ослободување од стресот, и самиот собир на луѓето кои прават нешто заедно има придобивки.

- Замислата луѓето да се собираат и да градат своевидна заедница ослободувајќи се од стресот - е фантастична, вели докторката.

Хернандез додава дека по сесијата, луѓето остануваат за да разговараат за своите проблеми. Некои членови на огранокот во Чикаго неодамна изгубиле близок, некој се бори со рак по втор пат, а многумина се борат со или за врската или бракот. Волкер забележува дека некои луѓе доаѓаат за да врескаат од радост. Без оглед на причината, огранокот во Сиетл обично се собира непосредно пред зајдисонце за да го гледаат Сонцето како исчезнува зад водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер