Времето во кое ноќе се будите открива што не е добро во вашето тело - Канал 5

Времето во кое ноќе се будите открива што не е добро во вашето тело

Во текот на 24 часа, телото дава различни енергии на различни органи.

Времето во кое ноќе се будите открива што не е добро во вашето тело

Доколку константно се будите во исто време, тоа може да значи дека некои енергии се блокирани или погрешно насочени. Тоа ја нарушува вашата природна рамнотежа и циклус, а со тоа се нарушува и здравјето на органите. На вашите органи им е потребна енергија за да се излечите и функционирате.

Еве една листа која ја објаснува поврзаноста на времето и органите во телото. Многу од тие блокади треба да се разгледуваат и од физички, но и од емоционален аспект. Треба да размислите што и кога сте јаделе, затоа што тоа може да биде причина за вашите симптоми и причината заради која се будите среде ноќ.

21:00 – 23:00 часот

Тоа е просечното време кога поголемиот дел од луѓето се обидуваат да заспијат. Ова е времето кога нашиот ендокрин систем се ребалансира и се полни со ензими. Ендокриниот систем управува со хормоните и метаболизмот.

Доколку имате проблеми со спиење во овој период, вие се уште сте психички заглавени во настаните кои се случиле во текот на денот или се подготвувате за утрешните предизвици. Повторувајте позитивни мантри и ослободете се од причината која ви предизвикува напнатост. Доколку правилно не се храните или пак предоцна јадете, тоа може да доведе до блокади.

23:00 – 01:00 часот

Ако често се будите во овој период, тоа може да биде заради некои грижи и замерки кои ги носите во себе. Ова е време во циклусот од 24 часа кога енергијата „јин“ се претвора во „јанг“. „Јанг“ енергијата е многу активна, а оваа енергија телото треба да ја сочува за следниот ден. Зголемете ја љубовта и почитувањето кон самите себе, дајте се од себе да се смирите и да ја зачувате енергијата. Ова е време кога жолчниот меур ги разбива мастите. Можеби внесувате премногу нездрави масти.

01:00 – 03:00 часот

Ова е клучно време за детоксикација и процес на обновување. Вашиот црн дроб ги испушта отровите и создава свежа крв. Будење во ова време укажува на лутина, фрустрација и негативни мисли. Доколку не се ослободувате од овие духовни отрови, вашиот „духовен црн дроб“ се обидува да ви го привлече вашето внимание на овие проблем.

03:00 – 05:00 часот

Ова е време кога вашите бели дробови се опоравуваат и го опремуваат вашето дело со кислород. Проверете дали ви е доволно топло за да можете да ја олесните работата на телесните функции. Ако се разбудите за време на овој период, обидете се да правите вежби за дишење. Проблемите со белите дробови често се однесуваат и на некоја внатрешна болка и тага.

05:00 – 07:00 часот

Сите отрови кои се испуштени и разградени за време на ноќта излегуваат од системот. Дебелото црево е активно за време на овој период. Лошата исхрана или јадењето предоцна може да доведе до проблеми кои ќе ве разбудат во овој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Денес беше реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита, која се одржа на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

О. Битола: Вежба за евакуација и противпожарна заштита

Вежбата беше изведена со цел практично да се провери степенот на подготвеност на вработените од институции, одговорните лица и останатите учесници за навремено, организирано и ефикасно постапување во случај на пожар и други вонредни ситуации.

Организатор на оваа вежба беше „Премиум Сејфти Солушн“, од каде велат дека реализацијата на ваква вежба има особено значење за објект од јавен карактер како што е стадионот, каде во услови на зголемена посетеност може да се најдат голем број лица на ограничен простор и каде брзината, организираноста и координацијата при евакуација се од суштинско значење за заштита на човечкиот живот.

Вежбовните активности ги проследи и градоначалникот на Битола Тони

Коњановски кој рече дека превенцијата е многу важна, не само во услови на пожари и други вонредни ситуации, туку воопшто во сите оние предизвици пред кои секојдневно сме исправени.

„Апелите се секојдневни, еве и во оваа прилика во екот на состојба со пожари, сакам уште еднаш да апелирам на совесно однесување во средината во која се движиме и која може да е потенцијално место за пожар или друга непогода, односно вонредна ситуација.

За да можеме да делуваме во било која ситуација, треба да сме свесни и рационално да размислуваме, без паника, туку смирено и разумно да реагираме.

Токму овој настан денеска, оваа вежба за евакуација и противпожарна заштита, ќе биде лекција за тоа како да постапуваме.

Како Општина секогаш даваме поддршка на унапредување на превентивното дејствување, безбедноста и подготвеноста за постапување при пожари или други вонредни ситуации“ истакна градоначалникот на Битола.

На прес конференцијата градоначалникот на Битола истакна дека во завршна фаза е новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која ќе биде објект кој ги задоволува сите стандарди за ефикасна интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер