Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна - Канал 5

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте.

Времето истекува за Нина – без итна помош може да биде предоцна

Лекарите се јасни – нема време за чекање.

Постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува.

Потребни се најмалку 100.000 евра, а значителен дел од сумата сè уште недостасува.

Ова не е обичен апел.

Ова е трка со времето.

Да помогнеме едно мало дете да порасне. Да ѝ дадеме право на живот без болка.

Медиуми, јавност – Ве молиме објавете и споделете.

Секој ден доцнење значи помала шанса за Нина.

Да не дозволиме болката да победи.

Да не дозволиме да биде доцна.

Благодариме на сите кои ќе придонесат за спас на нашата НИНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава

Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава - ќе продолжиме да инвестираме во проекти од областа на образованието.

Мицкоски: Повеќе од 1.200 проекти во моментов се реализираат низ целата држава

-Јас би сакал исто така да се придружам на честитките на претходните говорнички — на градоначалничката и на министерката. Добро е кога се гради, добро е кога се исполнуваат потребите на најмалите, на децата, бидејќи ваквите објекти им се потребни за да го градат својот дух. Како што велевме: „Во здраво тело, здрав дух“, па така, кога спортувате, кога другарувате и кога се натпреварувате истовремено, тогаш го градите и својот дух во правилна насока, а тука е, нормално, и сето она коешто доаѓа со спортот.

Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата. Мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, а тоа беше и целта на оваа Влада кога беше избрана, па во таа насока ќе продолжиме и понатаму.

За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти во зависност од можностите. Исто така, како Влада, планираме дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за да може уште повеќе проекти да се реализираат. Така што, еве, тоа коешто беше приоритет продолжуваме и понатаму да го реализираме.

Уште еднаш честитки до градоначалничката за посветената работа, за сите оние во Советот коишто ја поддржуваат нејзината работа, а се разбира и до администрацијата, без којашто сите овие проекти е невозможно да се реализираат. Би сакал да ѝ се заблагодарам и на министерката за образование, како и на колегите од Владата коишто исто така го носат овој проект за финансирање проекти од Владата кон општините.

Нека е со среќа и голем број спортисти, успешни репрезентативци и репрезентативки да излезат од оваа сала, коишто со гордост, достоинство и успешни резултати ќе ги бранат боите на Македонија.“- истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Салах ќе живее како „султан“ во Турција: Доби вила со осум соби и шест бањи!

Салах ќе живее како султан во Турција: Доби вила со осум соби и шест бањи! Но, тоа е само почетокот!

Фото: Салах ќе живее како „султан“ во Турција: Доби вила со осум соби и шест бањи!

Салах е воодушевен од вилата која ја доби од Трабзонспор, која се наоѓа на парцела од околу 975 квадратни метри.

Клубот од средината на табелата во Турција успеа да го убеди досегашниот фудбалер на Ливерпул да дојде на брегот на Црното Море.

Покрај големата сума пари, очигледно имале и дополнителни аргументи.

Според турските медиуми, египетскиот ас добил луксузна вила во која ќе живее со своето семејство.

Мохамед Салах избрал луксузна вила за себе и за своето семејство во Јалинџак, откако првите денови во Трабзон ги поминал во кралскиот апартман на еден од градските хотели.

Турскиот портал „Хаберлер“ наведува дека фудбалерот бил воодушевен од вилата, која се наоѓа на парцела со површина од околу 975 квадратни метри.

Станува збор за објект што располага со дури осум соби и шест бањи, но тоа е само дел од она што го нуди оваа луксузна куќа.

Вилата располага со затворен базен, сауна, теретана и просторија наменета за биоскоп, а целиот објект е опремен со напреден систем за „паметен дом“.

Приземјето на вилата зафаќа површина од 120 квадратни метри и вклучува кујна, дневна соба, гостинска соба и бања, како и балкон од 45 квадратни метри. На катот, кој исто така има површина од 120 квадратни метри, се наоѓаат три спални соби и три бањи, вклучувајќи ја и главната спална соба со сопствена бања и гардеробер.

На истиот кат има и просторија за перење алишта, додека луксузните содржини продолжуваат и на долното ниво од куќата. Нивото кон градината зафаќа површина од 230 квадратни метри и таму се сместени некои од најинтересните содржини, како што се затворениот базен, сауната, теретаната и зимската градина.

Тука се наоѓаат и работна соба, дневна соба и кујна, како и простории за складирање и помошни простории.

Салах ќе има и простор наменет за забава, бидејќи на нивото на покривот, кое зафаќа 35 квадратни метри, е сместена посебна кино-сала. Ниту надворешниот простор не заостанува зад ентериерот на вилата. Предната градина зафаќа површина од 270 квадратни метри, додека долната градина се простира на 485 квадратни метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долари

На семејството на покојниот кошаркар на „Мемфис Гризлис“, Брендон Кларк, ќе му биде исплатен преостанатиот дел од неговиот договор вреден 12,5 милиони долари, потврди извор од НБА.

Семејството на починатиот НБА-кошаркар ќе ја добие неговата последна годишна плата од 12,5 милиони долари

Брендон Кларк почина на 11 мај, на 29-годишна возраст.

Според извештајот од Лос Анџелес, неговата смрт е прогласена за несреќен случај, а причината била комбинираното дејство на хероин и кокаин.

За време на својата седумгодишна НБА-кариера, Кларк играше исклучиво за Мемфис.

Тој беше избран како 21-ви пик на драфтот во 2019 година од страна на Оклахома Сити Тандер, по што беше разменет во Гризлис. Уште во својата дебитантска сезона покажа голем потенцијал, а во 2020 година беше меѓу петте најдобри дебитанти во НБА.

Кариерата ја заврши со просек од 10,2 поени и 5,5 скока по натпревар, одигрувајќи вкупно 309 натпревари во регуларниот дел од сезоната.

По неговата контроверзна смрт во јавноста с епојавија неколку верзии за исплатата на последната година од неговиот договор.

Новите информации се во спротивност со претходните извештаи дека семејството на Кларк нема да добие пари од последната година од неговиот договор.

Според Кевин О'Конор, договорот на Кларк со „Мемфис Гризлис“ бил целосно осигуран во случај на негова смрт, што значи дека на неговото семејство треба да му се исплатат сите 12,5 милиони долари.

Претходно, „Front Office Sports“ објави дека семејството нема да ги добие парите, но изворите на О'Конор од НБА тврдат поинаку.

Како што беше објаснето, „Гризлис“ ги надоместуваа трошоците за животното осигурување што го покриваше играчот во случај на смрт. Овој вид договорна заштита е вообичаен во НБА и претставува еден од најсилните облици на финансиска сигурност за играчите.

Парите нема да бидат исплатени директно од „Мемфис“ како плата, туку преку осигурувањето.

Оваа структура може да понуди и даночни поволности за играчот, поради што животното осигурување често се користи за заштита на големи договори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер