Времето денес: Променливо облачно и потопло со повремен дожд - Канал 5

Времето денес: Променливо облачно и потопло со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. 

Времето денес: Променливо облачно и потопло со повремен дожд

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 62 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60 киометри на час). Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 литри на метар квадратен за 24 часа).

До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. 

Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај

Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите.

Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници.

„Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

До еден час чекање на Табановце и Богородица

До еден час чекање на Табановце и Богородица

Празничниот и продолжен викенд, во кобинација со екстремно топлото време ги натера граѓаните разлагувањето да бараат надвор од градовите.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини.

На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на чекање се движи од околу 30 минути до еден час.

На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

од амсм апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект.

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски во Дебар пушти во употреба зграда со социјални станови.

„Добар ден и од мене.

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти.

Би сакал да му се заблагодарам на директорот, којшто со својата посветена работа и тимот којшто го има околу себе, еве, испорачува и реализира проекти — нешто коешто е многу важно. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот за работата којашто ја врши овдека во Дебар, на сите оние коишто ја поддржуваат работата во рамките на Советот, работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, без којашто не можат овие проекти да се реализираат, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, како и на колегите од Владата коишто ги поддржуваат овие проекти.

Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, не можеме нешто што со децении било запоставувано да го решиме преку ноќ, но се трудиме, се трудиме да ги реализираме тие приоритети, да не создаваме нови проблеми, а дел од наследените предизвици веќе ги решаваме. Еден од тие предизвици е и овој објект, но и сите оние 22/23 проекти коишто ги спомна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, коишто заедно со градоначалникот на општината ги работиме и ги решаваме овдека во Општина Дебар.

Инаку, Македонија се гради, повеќе од 1.200 градилишта имаме ширум државата и тоа е добро. Планираме и во следната година, нешто слично како Влада, со децентрализирање на средства од буџетот да финансираме проекти во општините.

Така што, еве, уште еднаш благодарност до сите овие луѓе коишто денеска се со нас, а на корисниците на становите уште еднаш им честитам и им посакувам уште многу убави моменти да си поминат во нив, изјави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер