Временска прогноза: Три града во Македонија ќе „горат“ од температурите – еве што нè очекува до средината на следната недела - Канал 5

Временска прогноза: Три града во Македонија ќе „горат“ од температурите – еве што нè очекува до средината на следната недела

Според најновата временска прогноза, Македонија ја очекува топол бран со температури кои ќе се движат од 29 до 35°C.

Временска прогноза: Три града во Македонија ќе „горат“ од температурите – еве што нè очекува до средината на следната недела

Утре и во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Очекувајте претежно сончево и топло време до недела, со температури кои ќе се движат од 29 до дури 35 степени Целзиусови. Особено жешко ќе биде во недела, кога метеоролозите најавуваат екстремни горештини – па се препорачува внимателност при подолг престој на сонце.

Дневните температури над 40 степени, Владата со препораки за топлото време

Особено висок температурен максимум се предвидува за викендот, кога жителите на Скопје, Битола, Штип и другите поголеми градови ќе се соочат со интензивна топлина.

Метеоролозите предупредуваат на опасност од УВ-зрачење, а Министерството за здравство апелира граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.

Очекувањата се дека од понеделник ќе следува мало освежување со посвежи утра и намалување на дневните температури.

Временска прогноза по денови

Петок, 1 август

Сончево и топло – максимална температура до 32 °C, со вечерна околу 18 °C.

Сабота, 2 август

Претежно сончево време – дневна температура околу 32 °C, вечерна до 18 °C.

Недела, 3 август

Многу сонце и топло – дневни температури до 35 °C. Сочувајте се ако ќе бидете подолго надвор, особено во попладневните часови.

Понеделник, 4 август

Утрински бури, па периоди со облаци и сонце – максимална температура 27 °C, вечерна 17 °C. Подгответе се за потенцијално нестабилно време наутро.

Вторник, 5 август

Делумно сончево и помалку влажно – температури до 30 °C, со вечерна околу 19 °C.

Среда, 6 август

Сонце со повремени облаци – дневна температура до 32 °C, вечерна околу 18 °C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер