12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)
Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
112.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)
2Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата
ЖивотВредни речиси 2 милијарди еврa: Пронајдени 1.500 слики украдени од нациститеКолекција од уметнички дела вредна 1,7 милијарди евра, која ја заплениле нацистите за време на Втората светска војна е пронајдена во неугледен стан во германскиот град Минхен. Германскиот весник „Фокус“ пишува дека полицијата овие дела ги пронашла во 2011 година.Експертите веруваат дека меѓу 1.500-те слики има и дела на Пикасо, Реноар, Оскар Кокошка, Анри Матис и многу други. За сликите ништо не се знаело додека во возот кој одел од Швајцарија кон Германија не бил претресен невработениот син на трговецот со уметнички дела Хилдебрант Гурлит, кој со себе носел голема сума на пари во готово. тогаш полицијата побарала да го претресе неговиот стан кој го изнајмувал за 700 евра месечно, но резултатите од претресот се уште не се познати. Сликите биле пронајдени во голем неред, весникот наведува дека половина век лежеле меѓу стари тегли и ѓубре во мрачна соба. Експертите тврдат дека нацистите ги добивале сликите од Евреите во замена за нивната слобода и бегство од Германија. Еден таков пример е делото на францускиот сликар Мартис кое му припаѓало на еврејскиот колекционер Пол Розенберг, кој од нацистите побегнал до Париз во 1940 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)Илјадници луѓе беа евакуирани од концерт во најголемата затворена арена во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“, а неколку лица пријавија несакани ефекти, соопшти утринава полицијата.Околу 12.000 луѓе присуствуваа на неделната вечерна свирка на американскиот рапер Дон Толивер во арената „Кооп Лајв“ во Манчестер, северозападна Англија. Итните служби беа повикани по „пријави за луѓе во толпата кои страдаат од последици од непозната супстанца“, соопшти полицијата во Манчестер, која прогласи голем инцидент на местото на настанот. „Неколку лица беа третирани на лице место, а едно е однесено во болница во овој момент“, изјавија од полицијата на Манчестер, додавајќи дека полицијата се обидува да „разбере за што станува збор“. Регионалната служба за брза помош соопшти дека прегледала повеќе од 50 лица на местото на настанот, вклучувајќи некои кои пријавиле „симптоми на очите и респираторниот систем“, а на местото на настанот е извршена и „деконтаминација“. Thousands of people were evacuated from Manchester's Co-op Live arena on Sunday night during a Don Toliver performance. The evacuation happened after an 'unknown substance' was released, with one person being taken to hospital and more than 50 people treated. 🔗 https://t.co/i31pRuUQTu — Sky News (@SkyNews) November 23, 2026 Тагови: концерт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?Дали всушност возите побавно отколку што мислите? Постои разлика помеѓу вашиот брзиномер и „GPS“-от.Зошто често постои разлика помеѓу брзината прикажана на инструмент-таблата во автомобилот и брзината што ја покажуваат „GPS“ навигациските системи или апликации? Одговорот лежи во начинот на кој овие уреди ја мерат брзината, како и во прописите што производителите на автомобили се должни да ги почитуваат. Според прописите за возила на европскиот пазар, брзиномерот никогаш не смее да покажува брзина помала од реалната. Сепак, дозволено е да прикажува вредност што е до 10 проценти поголема. Како резултат на тоа, не е невообичаено на инструмент-таблата да стои, на пример, 110 км/ч, додека „GPS“ навигацискиот систем регистрира малку помала бројка. Производителите обично ги калибрираат брзиномерите така што тие покажуваат малку зголемена брзина, за да се осигураат дека прикажаната вредност никогаш нема да биде помала од реалната. Кога „GPS“-от е попрецизен? „GPS“ уредите ја пресметуваат брзината врз основа на времето потребно за поминување на одредено растојание. Кога автомобилот се движи со константна брзина – особено на прав, отворен пат – „GPS“ навигацијата обично може да даде попрецизен податок од фабрички вградениот брзиномер. Сепак, и „GPS“-от има свои ограничувања. Наглото забрзување или забавување може да влијае на прикажаната вредност, бидејќи на системот му е потребно одредено време за да ги прилагоди своите пресметки на промените во брзината. Сличен проблем може да се појави и на патишта со многу остри кривини. Затоа, „GPS“ навигацијата не е нужно попрецизна во секој поединечен момент. При константна брзина, таа генерално има предност, додека брзиномерот во автомобилот реагира побрзо на промените во темпото на возење. Заклучок: Ако возите со рамномерна брзина на отворен пат, „GPS“-от често е подобар показател за вашата реална брзина. Сепак, додека возите, треба да се потпирате на брзиномерот во автомобилот и да ги почитувате ограничувањата на брзината. Извор: Б92Тагови: GPS брзиномер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицатаОпштина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата. Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег. „Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter