ВРЕДИ: За нив, референдум, за нас, животот на граѓаните! - Канал 5

ВРЕДИ: За нив, референдум, за нас, животот на граѓаните!

ДУИ има едноставен рецепт две децении: кога доаѓаат локални избори, не зборува за општини, туку измислува референдуми, националистички теми и знамиња, само за да го скрие својот срамен неуспех.

ВРЕДИ: За нив, референдум, за нас, животот на граѓаните!

Фактот е јасен и не може да се негира: 20 години, кадрите на ДУИ ја уништија секоја општина со која управуваа. Денес, по две децении на власт, многу албански општини сè уште немаат вода за пиење, канализација, основна инфраструктура, училишта со достоинствени услови или центри за деца и стари лица. Граѓаните продолжуваат да живеат во беда, додека функционерите на ДУИ се збогатуваат на нивна сметка.

ДУИ точно знае: ако се зборува за општините, трката ќе ја изгуби. Затоа бегаат од реалноста и измислуваат референдуми секој пат кога ќе се соочат со разочаран граѓанин.

Во меѓувреме, ВЛЕН за само една и пол година влада одвои 80 милиони евра за албански општини, конкретни инвестиции, проекти што отвораат нови патишта, градат училишта, носат вода за пиење и подобри услови за секојдневниот живот.

Разликата е голема и опиплива: ДУИ 20 години остави празнина, неуспех и сиромаштија во општините. ВЛЕН 1 и пол година обезбеди рекордни инвестиции и конкретни проекти.

На 19 октомври, граѓаните ќе стават крај на националистичката измама на ДУИ. Нема знаме што ја покрива корупцијата, нема референдум што ги крие неуспесите.

Општините ќе им се вратат на граѓаните, на услуга, транспарентност и развој.

ВЛЕН е клучот за повторно издигнување на албанските општини. Минатото на ДУИ е срамно, иднината со ВЛЕН е сигурна.

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните.

Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје.

Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката.

Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок.

Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата.

Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните.

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа

Скопје денеска пулсира во ритамот на 22. Виз Ер Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.

Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа

Стартот на маратонот го означи министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека спортот ги поврзува луѓето, ги надминува границите и создава позитивна енергија која се пренесува низ целиот град.

„Скопскиот маратон е голем спортски настан кој го става Скопје и Македонија на светската спортска мапа. Илјадниците учесници од десетици земји денеска испраќаат силна порака дека спортот обединува, мотивира и инспирира.

Како Министерство за спорт, заедно со Владата, остануваме силен партнер на спортот и на настаните кои го промовираат активниот и здрав начин на живот и ја афирмираат нашата држава. Затоа и годинава стоиме зад Скопскиот маратон и ќе продолжиме да поддржуваме настани кои носат спортска енергија, ги мотивираат граѓаните да бидат активни и го промовираат Скопје пред светот“ - истакна министерот за спорт.

Ристовски упати честитки до сите учесници, организаторите, волонтерите и сите кои придонесуваат Скопскиот маратон да прерасне во препознатлив меѓународен спортски настан.

„За секој што денеска е на патеката, најважен е сопствениот предизвик. Трчајте со срце, уживајте во трката и бидете горди што сте дел од оваа голема спортска приказна“ - порача Ристовски.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои придонесуваат за развојот на спортот, промоција на активниот живот и меѓународна афирмација на Македонија.

На годинешното 22.издание на Скопскиот маратон се трчаат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?

Средбата ја нарекува клучна. Пораките за уставните измени не му се допаѓаат. 

СДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?

Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик.

Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство.

Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа.

Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен.

Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет.

Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство.

Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните.

Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка.

СДСМ го зборуваше ова пред изборите. Сега му го кажа и Фон дер Лајен во лице.

Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува.

Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ.

Нема повеќе предавниции. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес.

И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор?

Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги?

Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните.

Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата.

Правдата мора да биде задоволена.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер