Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
1Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
МакедонијаВРЕДИ се обедини во еден политички субјектКоалицијата ВРЕДИ вчера вечер на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект.Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање на Конгресот рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Тој истакна дека се собрале заедно различни сили, со различни истории и искуства кои честопати оделе во спротивни насоки. -Сепак, во тој момент, иако разликите не исчезнаа, тие сили се здружија околу поголема цел: да се стави крај на долгата ера на стагнација и да се отвори ново поглавје за Албанците во Македонија. Ова не беше лесен сојуз, но беше неопходен сојуз. Бидејќи зад нас беше долго и тешко поглавје, со институции оптоварени со скандали, со канцеларии каде што се играше фудбал и со наместени политички случаи, каде што правдата се користеше како оружје за пресметка и замолчување на противникот. Таквото поглавје бараше крај. А секој таков крај бара храброст. Затоа дојде овој сојуз – рече Меџити. Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во својот говор нагласи дека обединувањето на овој ентитет пренесува јасна порака за единство и евроатлантска ориентација. Потсетувајќи се на протестите пред 10 години во Скопјe „За достоинство, правда и демократија“, Сали рече дека денеска, на Денот на Европа, ова обединување ја докажува насоката на ВРЕДИ. -Можеме да имаме алтернативи за сè, но европската интеграција е ориентација без алтернативи. Ова е патување кое се гради со кредибилни институции и секојдневна одговорност кон граѓаните – рече Сали. Тој нагласи дека ВРЕДИ се гради како сериозна политичка структура, со теренска организација, младински и женски форуми, како и со вклучување на професионалци, со цел да биде блиску до граѓаните насекаде. Сали стави посебен акцент на младите луѓе и жените, нагласувајќи ја потребата од создавање можности за нив да ја градат иднината на земјата, како и важноста од зајакнување на општините преку децентрализација. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Тетово Билал Касами, во својот говор за време на првиот Конгрес на партијата, рече дека ВРЕДИ не е само сојуз на партии, туку друга култура на креирање политики. Касами нагласи дека на Албанците им е потребна политика што гради, планира и размислува надвор од мандатот. Во својот говор, тој покажа што претставува ВРЕДИ и кои ќе бидат неговите приоритети. -ВРЕДИ треба да стане уште една албанска политичка култура. Помирна, посериозна, поинституционална и поодговорна кон граѓанинот. Не ни е потребна политика што живее од кавги. На Албанците им е потребна политика што гради, планира и размислува надвор од мандатот. Затоа, важно е да кажеме и што претставуваме. Ние сме партија од десниот центар. И не го кажуваме ова како нешто што звучи добро на хартија. Го кажуваме затоа што веруваме во некои многу јасни вредности – рече тој. Според него, вредностите на ВРЕДИ се чесност и работа. – Веруваме во семејството како прво место каде што човекот учи доверба, одговорност и љубов кон другите. Веруваме во чесна работа, во личноста која станува рано за да го издржува своето семејство, во претприемачот кој презема ризици, создава и не очекува сè од државата. Веруваме во нашиот идентитет, во јазикот, во културата, во верата и во оние духовни вредности кои нè држеле заедно дури и во времиња кога имавме малку можности, но многу достоинство. Но, веруваме и во модерна држава. Во институции кои функционираат. Во професионална администрација. Во правда која е еднаква за сите, а не мајка за еден, а маќеа за друг – рече Касами. Косовскиот премиер Албин Курти кој беше гостин на Конгресот во своето обраќање кажа дека овој Конгрес има единствена симболика токму затоа што се одржува на 9 мај, на Денот на Европа. -Тоа е потсетник дека модерна Европа е изградена врз урнатините на фашизмот, супремацијата и војните. ЕУ е родена како проект на мир преку антифашизам и просперитет преку демократија. Ова е од особено значење за Балканот, рече тој. Потпретседателот на Демократската партија на Албанија, Лучијано Бочи, присутен на првиот Конгрес на ВРЕДИ, го опиша обединувањето на оваа коалиција во партија како момент од посебно политичко значење за Албанците во регионот. Градоначалничката на општина Прешево, Ардита Синани, испрати порака за поддршка на првиот Конгрес на коалицијата ВРЕДИ, сега политичка партија, нагласувајќи ја важноста на политичкото обединување на Албанците во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност. Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД. Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла ЛикаШефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец. Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи. Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1. На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот. Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook