ВРЕДИ: По Конгресот на Обединувањето, продолжуваме со организација и мобилизација - Канал 5

ВРЕДИ: По Конгресот на Обединувањето, продолжуваме со организација и мобилизација

ВЛЕН ја информира јавноста дека по историскиот Конгрес на Обединувањето продолжи со висок интензитет на политичките и организациските активности на терен, во целосна координација со своите структури низ целата држава.

ВРЕДИ: По Конгресот на Обединувањето, продолжуваме со организација и мобилизација

Во текот на последните денови беа одржани бројни средби со активисти и структури, на кои се разговараше за работата на терен, внатрешната организација и за следните чекори на политичкото дејствување.

Оваа секојдневна комуникација со базата донесе мобилизација, координација и целосна синхронизација на структурите на сите нивоа.

ВЛЕН гради нов модел на политичко дејствување кој во суштина ја има блискоста со граѓанинот, со базата и подготовката за претворање на ветувањата од Конгресот во конкретна работа.

По Конгресот на Обединувањето, ВЛЕН не запре. ВЛЕН се организира, мобилизира и се подготвува за следната фаза на политичкото дејствување.

Во периодот што следува, ВЛЕН ќе претстави низа иницијативи и политички ставови кои произлегуваат од визијата усвоена на Конгресот на Обединувањето и од директната комуникација со граѓаните и структурите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала

Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија.

Земјотрес е почувствуван во Струга и околината, со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала

Утрово во 07 часот и 52 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, 4.0. соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во скопје,земјотресот е почувствуван од жителите на градот струга и околината, со интензитет од три степени според европската макросеизмичка скала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија.

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“.

Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу луѓе се заробени. Се урнаа најмалку 18 куќи во градот Хикава и има жители кои сè уште се заробени во две од овие куќи.

Јавниот радиодифузен сервис, исто така, објави дека пожарникарите и војската спроведуваат спасувачки операции и ги расчистуваат оштетените згради.

Земјотресот, кој според Геолошкиот завод на САД е проценет на 6,8 степени по рихтер, го погоди островот кјушу во во вторникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила .

Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи

И по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар, забраната за користење на водата за пиење и подготовка на храна останува во сила се додека официјално не бидат добиени три последователни исправни лабораториски анализи кои ќе ја потврдат нејзината безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер