ВРЕДИ : Опозицијата бара сламка за спас - Канал 5

ВРЕДИ : Опозицијата бара сламка за спас

Членството на ВЛЕН ќе иницира донаторска акција за купување детектор за лаги кои треба под итно да се инсталира во Мала Речица. 

ВРЕДИ : Опозицијата бара сламка за спас

Количеството на лаги кои ДУИ ги пласира на секој нивен јавен настап е толку дрско, што со право јавноста се сомнева дека почнале да веруваат во сопствените измислици, што како синдром влегува во доменот на медицинската наука, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Притоа, граѓаните и јавноста се збунети. Кога го слушаат Бујар Османи добиваат впечаток дека тој е во заблуда дека се кандидира на претседателски, а не на локални избори. А тој пустиот бидејќи никогаш немал контакти со жителите на Чаир, а реално не му се познати надлежностите на општината, бара сламка за спас во национални теми. Затоа, со многу логични прашања ќе се обидеме да разобличиме три стандардни лаги на штабот од Мала Речица.

Лага број 1: ДУИ е единствен легитимен претставник на Албанците! Тогаш зошто на престојните локални избори ДУИ најголемиот број на Албански општини ги отстапи на други кандидати? Зошто “легитимниот” ДУИ се крие зад коалиционите партнери ?

Лага број 2: Обзнанувањето на соработката на ДУИ со Левица наводно биле очајнички конструкции со кои се подготвувало членството на ВЛЕН за пораз. Зошто Бујар Османи бара одговорност од Изет Меџити за пожарите на депониите, а свесно и со умисла ја заборави Данела Арсовска која има директна надлежност врз депониите? Чиј почесен конзул беше Данела Арсовска и каква улога имаа Никола Груевски и Блерим Беџити во нејзиниот оркестриран напад врз Чаир? Дали соработката на ДУИ и Левица во Град Скопје сега е проширена и надградена и во Албанските општини?

Лага број 3: Селотејп коалицијата на Ахмети, Таравари и Села е најголемото обединување на Албанците во последните 20 години. Дали обединувањето на овие тројца исклучиво со цел затскривање на корупциските скандали со Соравија, Ѓока Констракшн и Дала Давидович и многу други афери, може некој да помисли да ги претставува како Албанско обединување? Зарем Ахмети и Бујар до толку ја потценуваат интелигенцијата на Албанците на кои им е јасно дека трикот со АКИ селотејп коалицијата е да се амортизира незадоволството од криминалните афери на ДУИ? Навистина е жално да се гледа една партија како ДУИ да паѓа на вакво дереџе. Но, Македонија видела и други вакви примери, особено кога се распадна историското ПДП.

Со вакво поведение Бујар Османи навистина придонесува локалните избори да станат референдум - против ДУИ!

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура.

Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура.

Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури.

Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето:

• Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk

• Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg

• Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk

• Контакт за поддршка: [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

По двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул.

Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година.

Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер