3Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија
МакедонијаВРЕДИ и ДУИ во секојдневен „клинч“–каква кампања се очекува во албанскиот политички блок? Продолжуваат меѓусебните препукувања меѓу партиите од албанскиот блок за неисполенти ветувања иако предизбрната кампања се уште не е официјално започната. Од ДУИ ја обвинуваат Вреди дека наместо Европска Унија, донеле „Српски свет“ и ги сметаат за одговорни за неуспехот на европскиот пат на земјава порди неисполнување на ветувањето за усвојување на уставните измени во првите шест месеци од формирањето на Владата. - Секојдневни скандали, невидена неспособност, сервилност и вазалство со незамисливи размери, понижување, презир, неуспеси и една голема НУЛА – тоа се карактеристиките на ВРЕДИ. Но ни тоа не е доволно за тие да ја исправат кичмата и да си заминат од срамот што ги зафати, велат од ДУИ. Од ВРЕДИ пак возвраќаат дека поранешниот шеф на дипломатијата од редовите на ДУИ е тој што десетина пати бил на средби во Белград и дека ваквите обвинувања се резултат на недостаток на идеи и проекти кај интергативницте. „Смешно е тоа што тие 11 пати биле во Белград, нивниот министер за надворешни работи мислам на Османи. Тие што протежираа Опен Балкан сега да обвинуваат за такви работи. ДУИ немајќи визија, немајќи програма, немаќи реформи во своите редови и на локални избори сакаат да се бават со теми на Обединетите нации “– Изет Меџити, ВРЕДИ. Ваквата негативна кампања, споед познавачите ќе продолжи и во наредниот период. Комуникологот Бојан Кордалов очекува најестоката изборна битка, а со тоа и најваалканата кампања да се води токму меѓу партиите од албанскиот блок. „Очекувам да има и предлози и решенија и негативна камапња. Меѓутоа, за жал поради историската важност на овие избори и очекувањата дека ќе бидат многу важни за редефинирање на политичката сцена во земјава кампањата како никогаш досега ќе се сведе на живот или смрт. Од тука очекувам негативната кампања да се претвори во голема црна кампања. Партиите сметаат дека само со викотници, со несогласуавња и со обвинуавња можат да го привлечат вниманието на гласачите, меѓутоа напротив само со понудени решенија може нешто да се промени, во споритвно оваа коминикација станува само шум на кои граѓаните се навикнати и нема да има влијание“-– Бојан Кордалов, комуниколог. Официјалната кампања за локалните стартува на 29-ти септември и ќе трае до 17-ти октомври на полноќ. Првиот круг од изборите ќе се одржи на 19-ти октомври. Тагови: ВРЕДИ ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБолсонаро или Лула?Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила. Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто. Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври. Извор: Б92Тагови: Болсонаро Лула да Силва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ја потресе КамчаткаЗемјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“. Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри. Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се градат два гасоводни интерконектори со што драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на МакедонијаВо овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави: „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“ Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде: „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook