ВРЕДИ и ДУИ јавно се конфронтираат, а во дијаспората заеднички лобираат за етничко гласање во вториот круг - Канал 5

ВРЕДИ и ДУИ јавно се конфронтираат, а во дијаспората заеднички лобираат за етничко гласање во вториот круг

ВРЕДИ и ДУИ јавно продолжуваат да се препукуваат, но нивните кандидати за Брвеница во заедничка мисија во дијаспората да обезбедат гласови за како што велат кандидатот Албанец.

ВРЕДИ и ДУИ јавно се конфронтираат, а во дијаспората заеднички лобираат за етничко гласање во вториот круг

Енвер Пајазити, кандидатот на ДУИ кој испадна од трката, заедно со Хаќим Рамадани од ВРЕДИ кој во вториот круг ќе се соочи со актуелниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Јовица Илиевски, заедно отпатуваа во Германија, Австрија и Швајцарија каде се среќаваат со иселеници од Брвеница.

„Многу сум среќен што делуваме обединето, со заедничка цел – да ја обновиме нашата општина“ – напиша на еден од постовите Пајазити. Хаќим Рамадани пак со отворена порака до иселениците.

-Општина Кичво и сите други општини каде што има албанско мнозинство секогаш ќе ги раководат само Албанците. Немаме ништо против другите народи, немаме ништо против македонскиот народ и другите народи што живеат. Но секој треба да знае кој е газда во својата земја,- изјави – Хаким Рамадани – Кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Брвеница.

Само неколку дена по првиот круг од изборите кандидатот на ВРЕДИ за Тетово Биљал Касами во интервју за албанска телевизија рече дека во вториот круг ќе го поддржат Фатмир Дехари од ДУИ за Кичево, а иста поддршка очекуваат до ДУИ за нивните кандидати во Долнени и Брвеница..

Повиците на лидерите од албанските партии ги осудија од Сојузот на борци од Тетово. Според нив искажани се ставови и изјави кои придонесуваат за етничка нетрпеливост и раздор, како и дека се насочени кон загрозување на територијалниот интегритет и унитарноста на државата.

-Иако сме крајно загрижени за состојбата, а поради принципиелност се воздржувавме од коментирање на политички теми во тек на изборниот процес, сметаме дека моменталниот развој на настаните бара итна реакција од сите одговорни општествени чинители. Изјавите на Билал Касами, Хаким Рамадани, Енвер Пајазити и останати во кои повикуваат на етничко обединување и гласање против Македонците, одбрана на територии и слично се ретроградни, опасни и нанесуваат непоправливи штети. Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава која е дом на сите граѓани....се вели во соопштението од Сојуз на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ).

По жестоката реакција на премиерот Мицкоски, од ВРЕДИ вчера ретерираа преку сооштение, а на него се повика и Касами. Сепак, дека етничкото обединување за гласање се уште преовладува, покажа и случајот со Чашка, во која ВРЕДИ немаше свој кандидат, а победи кандиатот на ДУИ, што беше прославено како историско достигнување на Албанците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги одложува построгите правила за емисија на плаг-ин хибридите до 2030 година

Европската Комисија објави дека го одложува прилагодувањето на пресметките на емисиите за одредени plug-in хибридни возила (PHEV) до 2030 година, одлука што веројатно ќе ги задоволи производителите на возила во Европската Унија. 

ЕУ ги одложува построгите правила за емисија на плаг-ин хибридите до 2030 година

Извршното тело на ЕУ објави во јуни дека планира да го ажурира таканаречениот „фактор на корисност“ на 29 ноември, односно официјалниот дел од растојанието што возилата го поминуваат на електрична енергија, но тоа сега е одложено.

Одложување за прилагодување на индустријата

Прилагодувањето на факторот на корисност имаше за цел подобро да ги одрази реалните услови на возење, кои покажаа помал дел од електричното возење од оној што е евидентиран во официјалните тестови. Главната причина за јазот помеѓу реалните и официјалните нивоа на емисии е тоа што сопствениците не ги полнат своите возила толку често колку што треба.

Во соопштението за медиумите на Комисијата се наведува дека предложените промени ќе им обезбедат „привремена краткорочна флексибилност“ на производителите. Ова ќе им даде можност да инвестираат во подобрување на ваквите возила и ќе го поттикнат развојот на plug-in хибриди со поголем електричен дострел. Имено, „факторите на корисност“ ќе бидат замрзнати само за возила со електричен досег од најмалку 80 километри, што е растојанието што возилото може да го помине со едно полнење на батеријата.

Комисијата ќе го испрати предлогот за замрзнување на факторот на корисност до земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент, а тие можат да поднесат приговор. Предлогот ќе се применува ретроактивно од недела. Според најавата, факторот на корисност редовно ќе се ажурира од 2030 година врз основа на реалните индикатори собрани од самите возила.

Здруженија за заштита на животната средина: Реалните емисии се значително повисоки

Здружението за заштита на животната средина „Транспорт и животна средина“ во септември предупреди дека емисиите на CO2 од хибридните автомобили со приклучок се во просек шест пати повисоки отколку што покажуваат официјалните тестови.

Тие истакнаа дека јазот помеѓу реалното загадување и лабораториските резултати се зголемува секоја година откако започнаа мерењата на емисиите во реалниот свет во 2021 година. Затоа, здружението се залага Комисијата да не се откаже од планираното ажурирање на факторот на корисност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Крадци синоќа го ограбиле музејот на катедралата во Пјаченца, Италија, и избегале со пленот. 

Разбојници ограбиле музеј во катедрала во Италија- влегле низ прозорецот на тоалетот

Разбојниците влегле во зградата на Виа Превостура низ прозорец од тоалетот, а целата операција траела само 90 секунди, што сугерира дека крадците точно знаеле што бараат. Алармот се огласил предоцна, пишува Раи њуз.

Целта на кражбата била витрина со заветен накит. Украдени се околу двесте предмети, прстени, ѓердани и нараквици, кои верниците ги дале како знак на благодарност за услишените молитви. Иако првично штетата била проценета на 50 илјади евра, новите проценки укажуваат на вредност што би можела да достигне милион евра. Точната сума сè уште се утврдува.

Истрагата ја водат карабињерите, на кои им помага одделот за заштита на културното наследство од Болоња. Истата ноќ, катедралата Корпус Домини била провалена, но полицијата брзо интервенирала таму. Уапсени се двајца мажи, а украдените предмети биле вратени. Истражителите сега истражуваат дали постои врска помеѓу двата случаи.

„Чувствуваме голема горчина. Значењето на украдените предмети е неизмерно поголемо од нивната материјална вредност“, рече Мануел Ферари, директор на Музејот Кронос. „Станува збор за заветни дарови што верниците ги оставиле од благодарност“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица.

Во експлозијата во училиште во Авганистан загинаа 10 ученици, 110 се повредени- објавени се официјални податоци

Десет лица загинаа, а 110 други се повредени во експлозија во основно и средно училиште во покраината Кунар во источен Авганистан, соопштија официјални лица, додавајќи дека несреќата најверојатно е поврзана со блискиот магацин за експлозиви.

Директорот за култура и информации на покраината Кунар, Сами ул Хак Бајан, изјави дека првичните информации укажуваат дека експлозијата во училиштето на периферијата на главниот град на покраината Асадабад е предизвикана од небрежност во магацин во кој се складираат експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, објави Ал Џезира.

Тој рече дека истрагата за инцидентот е во тек.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, изјави дека бројот на жртви се искачил на 10, а 110 лица се ранети.

Снимките од болничкото одделение покажуваат повредени деца, од кои неколку имале преврзано глава.

Портпаролот на полицијата на покраината Кунар, Фарид Дехкан, изјави дека експлозијата се случила во саботата во 10 часот по локално време во училиште во областа Андар Сер на периферијата на Асадабад.

Снимките од училиштето покажуваат дека дел од зградата се срушил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер