Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
МакедонијаВРЕДИ: Го почитуваме протестот, но силно се противиме на неговото инструментализирањеВЛЕН од самиот почеток го поддржуваше и продолжува да го поддржува барањето правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Ова е право за кое воопшто не требаше да се дискутира, а уште помалку да се чека толку многу години. Работите треба да се кажат онакви какви што се. Овој проблем не падна од небо. Овој проблем има политичко име и презиме, ДУИ. Цели 22 години имаа сè во свои раце, власт, министри, кабинети, односно апсолутна моќ. Но, за правосудниот испит на албански јазик, како и за многу други прашања, не направија ништо. Ние докажавме дека кога има волја, проблемите се решаваат. Го решивме прашањето со лиценцирањето на лекарите и воспитувачките, а донесовме и закон за медресантите, кои ДУИ со години ги имаше оставено настрана. Со истата сериозност постапуваме и по ова прашање. Го почитуваме протестот. Но, силно сме против обидите на ДУИ да го инструментализира и да го користи како покритие за сопственото 22-годишно фијаско. Затоа, на ова прашање му пристапивме со одговорност и сериозност. Го решаваме, како што решаваме и многу други прашања што со години биле оставени половично. ВРЕДИТагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка МихајловаИма пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство. Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија. -Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство. За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка. Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСе шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофаГринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите. Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис. Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта. На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУзбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомбаУзбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба, вработените во двете најголеми тв-куќи преместени на безбедно! Во германскиот град Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на дел од градот, вклучително и на седиштата на телевизиските станици RTL и NTV. Бомбата е пронајдена во реката Рајна, во близина на паркот „Рајнпарк“ во квартот Дојц, а експертите планираат да ја отстранат и деактивираат во текот на денот. Поради опасноста, градските власти на Келн воспоставија зона за евакуација со дијаметар од 400 метри околу местото каде што е пронајдена бомбата. Жителите, како и вработените во компаниите и институциите лоцирани во таа област, мораа привремено да ги напуштат зградите. Меѓу нив беше и големиот емитувачки центар на телевизиските компании RTL и NTV. Поради вонредната ситуација, беше изменета и програмата на RTL. Вечерната информативна емисија „RTL Aktuel“ не се емитуваше од Келн, туку од студио во Берлин. Истовремено, дневната емисија „Punkt 12“ првично продолжи да се емитува според планот и се водеше во живо сè додека тоа беше можно. Надлежните служби соопштија дека станува збор за американска авионска бомба тешка околу 250 килограми, која потекнува од периодот на Втората светска војна. Специјалистите за отстранување експлозивни направи го одредија моментот за почеток на деактивирањето во зависност од брзината на евакуација на населението и целосната евакуација на загрозеното подрачје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04