ВРЕДИ: ДУИ политички се распаѓа, повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети.

Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ.

Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.

Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.

Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.

Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.

ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

ВРЕДИ

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер