МакедонијаВРЕДИ: ДУИ – партија која никогаш не презеде одговорност за трагедиите на АлбанцитеКако никогаш досега, институциите и политичките партии на власт едногласно ја осудуваат ксенофобијата во спортот. Но, неверојатно е што во истиот дух, една партија која денес зборува за достоинство, всушност е таа што во последните две децении им има донесено повеќе срам и болка на Албанците од која било друга власт во историјата на оваа држава. Функсионерите на ДУИ никогаш не дадоа оставка, дури ни кога на Албанците им се случија најголемите трагедии: Не дадоа оставка кога се случи Монструм, а Албанците беа обвинети како терористи без докази; Ниту кога се случи Дива Населба, и 10 Албанци беа убиени во сомнителна полициска акција; Ниту кога се случи Случајот Алфа, и Албанци беа осудени за убиство што и денес изгледа монтирано; Ниту кога беше свирепо убиен малиот Алмир, а судството тоа го нарече „сообраќајка“ – а ДУИ молчеше! Ниту кога беше убиен Харун Алиу, борец на ОНА, под неразјаснети околности; Ниту кога беше објавена антиалбанската енциклопедија; Ниту кога нашите деца учеа од учебници што ја извртуваа албанската историја и идентитет; Ниту кога го прифатија лавот на ВМРО како државен симбол; Ниту кога се реализираше проектот „Скопје 2014“, без ниту еден албански елемент во срцето на главниот град; Ниту кога беше подигнат споменикот на Цар Душан, точно пред Собранието; Ниту кога на 27 април беа тепани албанските пратеници во самото Собрание; Ниту кога се срамеа цел народ со “Илиндита” – како резултат на нивната некомпетентност и сервилност; Ниту кога се случи трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде што загинаа невини граѓани, без ниту една оставка; Ниту кога се случи несреќата со „Дурмо Турс“, без никаква правда за албанските жртви; Ниту кога се случи трагедијата со „Беса Транс“, каде што животите ги загубија 45 луѓе, а никој не одговараше; Ниту кога избувна скандалот Маѓар Телеком, еден од најголемите корупциски случаи во земјава; Ниту кога САД го ставија Артан Груби на црна листа, десната рака на Ахмети, за поврзаност со касапот на Албанците, Сашо Мијалков. Партија што никогаш не почувствувала срам, што никогаш не побарала прошка и што никогаш не презела одговорност за ниту една од овие трагедии – нема ни морал, ни право да зборува за иднината на Албанците. ДУИ не е повеќе глас на Албанците – таа е товар на нивните плеќи. Доаѓа времето на одговорност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инцидентиИлјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието. Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДСБројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година. Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција. Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter