МакедонијаВРЕДИ: Црната кутија Артан Груби го држи ДУИ во заложништвоДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво.Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети. Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите и валканите врски на оваа партија. Затоа денес многу функционери на ДУИ се во паничен страв од едно прашање Што може да прозбори Артан Груби? Нивното „единство“ не е единство. Тоа е молк од страв. Тоа е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја. Со правосудство кое сè повеќе се ослободува од влијанието на ДУИ, секој ден гледаме истраги, апсења, коруптивни скандали и злоупотреби на службена положба во вредност од стотици илјади и милиони евра. Ова е распаѓање на еден систем. Империјата што ја градеа со години врз страв, пари и уцени денес им се распаѓа пред очи. Кулата од карти паѓа, а кога ќе се отвори црната кутија Артан Груби, многумина во ДУИ нема да бараат политички излез, туку спас за себе. Албанците повеќе нема да бидат заложници на оваа деструктивна структура. ВЛЕН избира друг пат. Пат на чесни луѓе и одговорност. И затоа разликата е јасна. Тие се бранат од вистината, ние ја бараме.Тагови: ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденденНајплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација. Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно. Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите. Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден. Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка. Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР. „Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН Иран официјално поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), обвинувајќи ги САД за систематско кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад, потпишан минатиот месец. Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, Зенон Нгаи Муконг, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека САД, како што тврди Техеран, почнале да ги поткопуваат неговите одредби речиси веднаш по потпишувањето на договорот, објави „Прес ТВ“. На 17 јуни, Иран и САД потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува траен прекин на непријателствата на сите фронтови и продолжување на преговорите за конечен договор во рок од 60 дена. Според толкувањето на Иран, документот предвидува дека Иран ќе ја преземе одговорноста за управувањето и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец. Во жалбата, Иравани наведе 42 случаи на наводни прекршувања на договорот од неговото потпишување, вклучувајќи ги воените напади на САД на иранска територија, ограничувањата за продажба на иранска нафта, воспоставувањето алтернативна поморска рута низ Ормутскиот теснец и поддршката за Израел во конфликтите во Либан. Иранскиот амбасадор особено го истакна Член 5 од меморандумот, за кој тврди дека ја потврдува надлежноста на Техеран врз утврдувањето на безбедното минување низ Ормутскиот теснец.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook