Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
КошаркаВрбица Стефанов: Никогаш нема да ја оставам репрезентацијатаЛегендата на македонската кошарка и еден од најдобрите европски бекови во историјата Врбица Стефанов, во интервју за МИА, потврди дека никогаш и не помислил да ја остави репрезентацијата на својата татковина. Стефанов смета дека не може многу да и помогне на репрезентацијата како административец вршејќи ја функцијата Директор, туку дека својот максимум може да го даде само со работа на паркетот. Верувајќи во квалитетите на играчите, популарниот Врба очекува дека Македонија повторно може да направи висок резултат на претстојното Европско првенство во Словенија. Стефанов, меѓу другото, во интервјуто истакнува дека Македонија има талентирани кошаркари кои со координирана и квалитетна програма и работа, во скора иднина треба да донесат резултати. Деновиве беше пласирана информацијата дека Врбица Стефанов ја напушта кошаркарската репрезентација на Македонија. Веднаш конкретно да одговорам. Не. Никогаш и не сум помислил да ја оставам или како што се пишуваше „напуштам“ кошаркарската репрезентација на мојата татковина. Верувам дека збор „напуштам“ е многу лош или погрешно избран збор, претпоставувам со цел медиумот кој го објавил да има подобар наслов и поголема читаност. Тогаш, за што станува збор? Секогаш сум ја ставал репрезентацијата на Македонија на прво место. Така беше и додека активно играв кошарка, иако многупати бев во ситуација кога имав огромен притисок од моите клубови каде што настапував. Секогаш максимално одговорно и професионално ги прифаќав сите обврски во репрезентацијата, сите задачи, но што е уште поважно, тоа го правев со задоволство. Секогаш ми било чест и гордост да го носам репрезентативниот дрес, а убеден сум дека и македонската јавност беше задоволна од тоа како ја преставував мојата земја. Чувствував обврска но и желба да помогнам и по моето завршување на активната играчка кариера. Затоа по ЕП во Полска 2009 година ја прифатив улогата на Директор на сениорската репрезентација, иако во тој момент и не ми беше јасно, дека тоа е само административна улога. Сепак, тоа се покажа како клучен потег за најголемиот успех на Македонија со освојувањето на 4.место на Евробаскетот во Литванија, имајќи ја в предвид вашата улога при ангажманот на Лестер Бо Мекејлеб и кондициониот тренер Сандро Бекардино. Да. Со гордост можам да кажам дека благодарение на моите лични контакти и почитта која кон мене ја имаат луѓето од Монтепаски, успеав да ги обезбедам Мекејлеб и Бекардино, луѓе чија улога и заслуга ни е добро позната на сите, за успехот кој го направивме во Литванија. Мислам дека тоа е она што најмалку можев да го направам во тој момент. Беше вистинско уживање да се биде дел од тој историски успех. Останувате ли на функцијата Спортски директор на сениорската репрезентација? Не. Сега, не гледам никаква смисла во тоа. Како што реков тоа е административна улога. Не сум човек кој сака да живее како „англиска кралица“. Со моето присуство во хотелите каде што престојува селекцијата или пак со седењето на клупа на натпреварите без ангажман, е без ефект, без резултат. Јас сум човек кој сака да работи, да помага, да придонесе за успехот на својата земја. Во разговор со Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски, пред нешто повеќе од еден месец му реков дека јас никогаш, ама баш никогаш нема да ја напуштам македонската репрезентација, но дека во овој момент е подобро функцијата директор, каква и да е таа, да ја врши некој друг, бидејќи едноставно јас не се гледам во таа улога. Тогаш во која улога се гледа себеси Врбица Стефанов? Реков јас сум човек кој сака да работи, човек од акција. Од лани сум ангажиран во академијата на мојот некогашен менаџер Лучано Капичиони, во улога на главен координатор и човек кој е задолжен за систем на работа во неколкуте кампуси кои ги има ширум Европа, а кои се е под капата на менаџерската агенција „Интерперформанс“. Подолг период работам и на мое до усовршување во кошарката, за да го пренесам сето она што сум го научил во овој спорт, дури и од најголемите европски стручњаци. Врбица не е човек за администрација, јас сум човек од акција, за работа на терен, со играчите. Сакам да верувам дека тоа ќе знаат како да го искористат сите оние кои ја сакаат македонската кошарка и Македонија како што јас ја сакам. Значи ли тоа дека Стефанов е подготвен да ја прифати тренерската функција? Можеби во овој момент не, но наскоро, многу наскоро може да се случи и тоа. И покрај сите проблеми со кои се судрувам во мојот приватен живот веќе подолги години, се уште имам сила, но и најважно желба и знаење, да им помогнам на македонските кошаркари. Реков и да се повторам уште еднаш. Врбица Стефанов никогаш нема да се откаже од македонската кошарка (репрезентација). Да го искористиме ова интервју и да проговориме за она што претстои, ЕП во Словенија. Какви се твоите очекувања од македонската репрезентација? Треба на целокупната јавност да и биде јасно, дека не само на Македонија, туку и на било која кошаркарска селекција и е многу потешко да го повтори добриот резултат отколку да направи неочекувано уште подобар. Во Литванија бевме на чекор од медал, а сетете се колку поголеми фаворити од нас не ја минаа ни првата фаза. Играчите сега се поискусни, но и нашите противници сега нема да не гледаат како аутсајдери, па затоа јасно е дека ќе ни биде потешко, многу потешко. Ако во наредите месец дена, максимално посветено и ангажирано се сработат подготовките, ако тимот ја одржи позитивната меѓусебна другарска атмосфера, ако добро се анализираат и поправат прво нашите квалитети и слабости, а потоа и на противниците, јас верувам дека Македонија, може да направи повторно добар резултат. Кој е тој резултат? Првенствено мора да се оди чекор по чекор, од натпревар за натпревар, да се размислува од противник за противник, никогаш не смееме однапред да размислуваме што следи по два-три дена. Најнапред треба да ја минеме првата фаза. Нема да биде лесно но познавајќи ги играчите верувам дека во тоа ќе успеат. Во втората фаза ќе биде потешко, но нели така беше и во Литванија!? Мотив повеќе за влез во четвртфиналето сигурно ќе биде и шансата со пласман меѓу првите седум да обезбедиме и за прв пат пласман на Светско првенство. Очекувам дека и македонската „Фаланга“ ќе даде поддршка на нашите репрезентативци, а убеден сум дека овој пат во Словенија, и во многу поголем број ќе ги бодрат на сите натпревари, дај Боже тоа пак да биде до последниот ден на шампионатот. Има ли иднина македонската кошарка, ако пред се се земат предвид лошите резултати на младите селекции? Мак баскетот и по Буштур (Благоја Георгиевски), Пеце (Петар Наумовски) и Врба (Врбица Стефанов) имало и ќе има таленти, кои со правилна, координирана, добро испланирана и квалитетна програма и работа, во скора иднина треба да донесат резултати. Треба на младите да им се дава повеќе шанса. Но, треба и на младите тренери кои работат и имаат резултат во тие млади категории, да им се даде шанса да се докажат. Од друга страна, треба и нивна едукација, надградба на знаењето, како и контрола на нивната работа. Она што сакам да го потенцирам е дека не треба да дозволиме младите играчи многу рано да ја напуштаат нашата татковина. Зошто го велам ова? Има Македонија таленти кои се подобри од нивните врсници од многу поголеми и поразвиени кошаркарски земји од нашата, но тие секогаш ќе бидат странци во таа земја каде и да отидат. Тие секогаш, ќе бидат во втор, трет план, на тренерите во тие земји, во однос на домашните кошаркари, едноставно тие секогаш ќе бидат странци. Ова го зборувам од лично искуство. Ја поддржувам идејата, прволигашките екипи задолжително да имаат младински екипи, кои ќе ги играат своите натпревари како увертира, вовед, пред натпреварите на сениорите. Мислам дека тоа ќе го зголеми интересот за кошарката, а публиката наместо два ќе мине три, четири часа во салите. Тоа сигурно е мотив и за младите играчи./Извор МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаКузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во БрвеницаОсудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испит: Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ЗабаваКармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)Кармен Електра, која го задржа својот статус на секс симбол децении по славата во ТВ серијата „Спасувачите“, се појави на Галата на ѕвездите на „Танчерите против ракот“ во Лос Анџелес. Актерката и модел (54) избра долг црн фустан со проѕирен корсет за настанот, кој се одржа овој четврток. Таа ја замени својата препознатлива руса коса со потемна нијанса. Носеше долг, црн фустан што го припиваше телото со проѕирен горен дел. Ја спушти кафеавата коса во нежни бранови, а нејзината шминка вклучуваше чаден ај и кармин во боја на гола боја. Секс симбол на 90-тите Електра стана глобално позната во 1997 година со нејзината улога како Лани Мекензи во популарната ТВ серија за спасувачи. Со тоа, таа го презеде местото што го прослави Памела Андерсон и стана едно од најпрепознатливите лица на серијата. Родена како Тара Ли Патрик, таа ја започна својата кариера како пејачка во Минеаполис, каде што го привлече вниманието на музичарот Принс, кој ѝ го даде сценското име Кармен Електра. Нејзиниот статус како една од најпознатите „пин-ап“ девојки од крајот на деведесеттите години беше обезбеден со нејзините појавувања во „Плејбој“, „Спасувачка служба“ и шоуто на МТВ „Синглд Аут“. Интересно е што во тоа време не се сметала за секс симбол и вели дека никогаш не се чувствувала како предмет. „Не баш“, претходно изјавила таа за „Ролинг Стоун“. „Го избрав тој пат затоа што така се чувствував и не се сметав себеси за секс симбол. Кога луѓето ќе го кажеа тоа, ќе бев изненадена, но го сфатив како комплимент. Има толку многу секс симболи на кои им се восхитував тогаш, а им се восхитувам и денес.“ Децении подоцна, тој го прифаќа тој статус. „Сакам да бидам секси“, изјавила таа за „Фокс њуз диџитал“. „Мислам дека тоа дава чувство на моќ.“Тагови: Кармен Електра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛула или Болсонаро- Бразилците гласаат во вториот круг на претседателските избориГраѓаните на Бразил денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори.Граѓаните на Бразил денеска гласаат во вториот круг од претседателските избори, на кои за шеф на државата се натпреваруваат актуелниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (80), кој се бори за четврти, без последователен мандат, и десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро (45), син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Флавио Болсонаро постигна најдобар резултат во првиот круг од изборите, одржан на 4 октомври, што претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го оцени како „многу голема“ победа, јави Би-би-си. Поддржувачите на Флавио Болсонаро на последните предизборни митинзи изразија уверување дека тој ќе донесе промени во Бразил, ветувајќи тешка борба против организираниот криминал, како и намалување на даноците и јавната потрошувачка. Во пресрет на изборниот молк, Болсонаро одржа митинг во Бело Хоризонте, главниот град на сојузната држава Минас Жераис, кој се смета за важен за претседателските кандидати од 1980-тите. „Речиси дојде време. Остануваат само неколку часа пред да ја обликуваме иднината на нашата нација во следните 30 или 40 години“, рече Болсонаро во видеото објавено на социјалните мрежи. Тој, исто така, вети дека ќе го ослободи својот татко, кој беше осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар по поразот од Лула на изборите во 2022 година. На големиот митинг на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата, Лула рече дека изборите се за „суверенитет“ и дека граѓаните ќе избираат помеѓу кандидатот кој го бакнува бразилското знаме и оној што го бакнува американското знаме. Администрацијата на Лула ги обвини САД за мешање во изборите во Бразил, тврдење кое Вашингтон го отфрли како „неосновано“. Ќе победиме на изборите од една едноставна причина: вистина е дека народот сака промени, но сака да оди напред, а не назад“, рече Лула. Лула и неговата Работничка партија ги претставија изборите како „битка за демократија“, тврдејќи дека пресудата против Жаир Болсонаро за заговор за државен удар покажува дека болсонарското движење претставува закана за демократските институции на Бразил. Тој инсистираше на тоа дека Бразил „не се вклопува во ничиј двор“, што се толкува како одговор на таканаречената „Донерска доктрина“ на Трамп, стратегијата за национална безбедност на неговата администрација според која доминацијата на САД на западната хемисфера не треба да се оспорува. Спротивно на тоа, Болсонаро тврди дека соработката со Вашингтон во борбата против моќните криминални групи, кои имаат големо влијание во одредени делови на Бразил, ќе и овозможи на државата да го врати суверенитетот над териториите контролирани од бандите. Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто, а Лула 45,16 отсто од гласовите, што значеше дека се кандидираа за вториот круг на изборите. Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38