3Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови
Шоу бизВратите на Евровизија за БиХ се уште затворени: Еве ја причинатаБосна и Херцеговина нема да има свој претставник ниту на Евровизија во Бугарија следната година.Ова го продолжува повеќегодишното отсуство на земјата од едно од најпопуларните музички натпревари во Европа, а главната причина се уште се финансиските проблеми на јавниот сервис „BHRT“ и санкциите од Европската радиодифузна унија (EBU). „BHRT“ потврди за порталот „ESC Today“ дека БиХ нема да учествува на Евровизија 2027. Поради неплатени долгови, јавниот сервис на Босна и Херцеговина сè уште нема право да учествува во натпреварот. Долговите продолжуваат да го блокираат враќањето на Евровизија Најголемата пречка за враќањето на Босна и Херцеговина на евровизиската сцена остануваат финансиските санкции што „EBU“ претходно ги воведе на „BHRT“ поради долгови. Додека проблемот не се реши, јавниот сервис не може повторно да стане дел од натпреварот. Поранешната шефица на делегацијата на Евровизија, Лејла Бабовиќ, претходно предупреди за тешката финансиска состојба на „BHRT“. Таа истакна дека долгот на јавниот сервис достигнал околу 8,8 милиони евра, додека на „BHRT“ ќе ѝ бидат потребни околу 15 милиони евра годишно за стабилно работење. Тие се обидуваат да најдат решение за финансиската криза Во меѓувреме, започнати се разни иницијативи кои треба да помогнат во стабилизирањето на работењето на јавниот сервис, но проблемот сè уште не е решен. „BHRT“ покрена судска постапка против Радио Телевизија на Република Српска (РТРС) поради неплатени претплатнички такси за РТВ, а првите пресуди се донесени. Според достапните информации, РТРС треба да плати околу пет милиони евра, додека дел од тужбата вредна околу десет милиони евра е одбиен. Институциите на Босна и Херцеговина, исто така, се обидуваат да обезбедат помош на јавниот сервис преку дополнителни средства од буџетот. Последен настап во 2016 година Босна и Херцеговина првпат настапи на Евровизија во 1993 година со песната „Сва бол свијета“, изведена од Фазла, и го заврши натпреварот на 16-то место. Најголемиот успех го постигна во 2006 година кога Хари Мата Хари го освои третото место со 229 поени со песната „Лејла“. Последниот настап на Босна и Херцеговина на Евровизија беше во 2016 година, кога Далал, Дин, Ана Ручнер и Џала не успеаја да стигнат до финалето со песната „Љубав је“. Тие завршија на 11-то место во полуфиналето, што беше прв пат Босна и Херцеговина да не успее да стигне до финалето. Извор: Б92Тагови: БиХ Евровизија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаАндоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центриНема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
ЕвропаСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пикСистемот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во привременото суспендирање на собирањето биометриски податоци на оптоварените гранични премини во пикот на летниот период, велат од Европската комисија. Сепак, засега нема дефинитивен одговор дали оваа флексибилност ќе продолжи и после септември. -Сегашните правила веќе вклучуваат некои вградени флексибилности и резервни процедури, за решавање на исклучителни ситуации. Значи, ова вклучува можност во некои случаи привремено да се суспендира регистрацијата на биометриски податоци во случај на, повторно, исклучителни околности во текот на летото. Значи, сега сме во близок и конструктивен контакт со тие земји-членки, оние кои можеби исто така се осврнале на некои загрижености, за да видиме каде се предизвиците на одредени гранични премини,- -Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија . Во меѓувреме, во екот на летните одмори, официјалната статистичка канцеларија на Европската Унија – Евростат објави извештај за 2025та година со процентот на граѓани во ЕУ земјите кои не можат да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор надвор од дома. На врвот на листата се Романија со дури 61,4% на жители а по неа следат жителите на популарната туристичка дестинација - Грција со 46,6 %, додека третото место го делат граѓаните на соседна Бугарија но и Унгарија со 39,1% од нивните жители. Најмал процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор се бележи во Луксембург со 10,6 проценти. Последните статистики на Евростат на оваа тема за Македонија се од 2024та кога 48% од македонски граѓани биле во неможност да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Сепак, во последните 10 години овој процент бележи континуиран пад, односно во 2016та тој изнесувал 65,3% од жителите на државава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаВториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондовиПодолг стаж, повисоки придонеси, времето поминато во осигурување се трите клучни елемнти кои влијаат врз висината на пензии кои се исплаќаат од вториот пензиски фонд.Колку стажот е подолг а придонесите повисоки толку ќе биде поголем и и исплатата. Од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови уверуваат дека осигурениците во овој втор столб кои брои вкуппно 630 илјади осигуреници од кои во моментов на околу 150 им се исплаќа пензија се безбедни. Од асоцијацијата на брифинг со новинарите коментирајќи ги најави за евентуално укинување на вториот столб и национализација на средствата велат доколку дојде до такво нешто според нивните анализи тоа ќе го реши проблемот само краткорочно и ќе остави огормна штета врз сите. „Воведувањето на вториот столб е токму заради релаксирање на обврските на првиот столб..... во моментот кога ќе дојде време да се исплаќаат пензиите од двата столба во исто време оврската некаде половина ќе падне на терет на вториот столб... “- Маријан Николовски . Според асоцијацијата за поголеми придонеси потребни се и реформи и промени, една од опциите според нив е воведувањето на така наречени мултифондови. „Тоа се портофолија кои се прилагодуваат на животната возраст. Предлгот е оние кои се помлади да имаат поаргесивно фолио изложено на акции, да се балансира кај оние кои се на средна возраст и да се заштити создадениот имот кај оние кои се повозрасни со воведување на конзервативно портфолио.... “- Маријан Николовски. Инаку според анализа на МАПАС заклучно со 30.06 годинава, вкупно 147 лица добиваат пензија од вториот столб. Во категоријата корисници со минимална пензија се опфатени 113 лица. Од нив, 75 корисници остваруваат месечна исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници остваруваат исплата од 4.001 до 8.000 денари. Во категоријата корисници над минимална пензија се опфатени 34 лица.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter