Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканВратено им е државјанството на членовите на екс грчкото кралско семејство, со децении го баралеГрчкото државјанство им е вратено на членовите на поранешното грчко кралско семејство, по повеќедецениски спор со владата, објавено е во владиниот службен весник.Грција ја укина монархијата на референдум во 1974 година, а две децении подоцна на кралското семејство му е одземено државјанството за време на спорот за поранешниот кралски имот кој бил под државна контрола, пренесе АП. Во одлуката објавена во службениот весник на владата стои дека е вратено државјанството на 10 членови на поранешното кралско семејство. Меѓу нив има пет деца на покојниот крал Константин II и поранешната кралица Ана-Марија, како и пет нивни внуци. „Со длабоки емоции ја примивме веста дека по 30 години повторно имаме грчко државјанство“, се вели во соопштението на поранешното кралско семејство на грчки и англиски јазик. Грчката монархија била укината на референдум во декември 1974 година, кога гласачите со големо мнозинство го поддржаа републиканскиот устав, неколку месеци по падот на седумгодишната воена диктатура. Членовите на кралското семејство живееле во егзил со децении пред Константин да се врати како приватен граѓанин во неговите 70-ти. Ним им е одземено грчкото државјанство во 1994 година за време на правната битка за поранешниот кралски имот, кој сега е во државна сопственост. Тие претходно го отфрлија презимето Глуксбург, кое им беше доделено со закон од 1994 година, бидејќи сметаа дека тоа премногу ги поврзува со нивното германско потекло и ги прави помалку легитимни Грци. По објавувањето на одлуката за државјанство во службен весник, членовите на поранешното кралско семејство ќе можат да аплицираат за лични карти и грчки пасоши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook