Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса - Канал 5

Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса

„Ова е чувство кое тешко можам да го изразам, не ми се верува. Кога ја слушнав веста се исплашив дека не е точна, а кога ме убедија дека е, ги прегрнав родителите и им се јавив на сите што ми помогнаа“, изјави Барбоса. 

Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса

Судот за спортска арбитража (ЦАС) и и го врати бронзениот медал на романската гимнастичарка Ана Барбоса која таа го освои минатиот вторник во олимпиското финале на партер, но по жалба на американската репрезентација и беше одземен и доделен на петтопласираната Џордан Чилс.

Судскиот совет на ЦАС пресуди во корист на 18-годишната Романка, истакнувајќи оти е направена процедурална грешка во жалбената постапка. Според прописите на Меѓународната гимнастичарска федерација, рокот за жалби на натпреварите е една минута од моментот на објавување на резултатите, а раководството на натпреварувањето ја добило американската жалба „една минута и четири секунди“ по објавувањето на оценките за изведбата на Џордан Чилс.

Поради ова, судиите на ЦАС донесоа одлука оценката на американската гимнастичарка да остане 13.666, што ја остави на петтото место, а Ана Барбоса го доби бронзениот медал.

„Ова е чувство кое тешко можам да го изразам, не ми се верува. Кога ја слушнав веста се исплашив дека не е точна, а кога ме убедија дека е, ги прегрнав родителите и им се јавив на сите што ми помогнаа“, изјави Барбоса. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани.

Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации.

Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор.

Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за  храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла.

Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава.

На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер