Вратен на доработка предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за анкетна за СЈО

Собранискиот спикер Талат Џафери го врати на доработка предлогот на ВМРО ДПМНЕ за фомирање анкетна комисија за увид во работата на СЈО.

Во описот зошто се одбива, наведени се технички причини: во барањето не била наведена целосна формулација на називот на комисијата, придавката Северна била испуштена, но и во делот на потпис не го напишале името на претседателот на Собрание Талат Џафери. За корекција, Џафери им дава 15 дена. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ пак го обвинија дека неосновано им го скратил правото за расправа на собраниска седница.

- Ако имаат доволно аргументи дека СЈО работело законито, дека Катица Јанева работела совесно, стручно и законски, ќе имаме расправа на дневен ред и на пленарната седница нека се изјаснат, нека гласаат воздржано или против, но нека не го скратуваат правото да се расправа за ова и да ги понудиме аргументите во таа насока,вели Антонио Милошоски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ остануваат на ставот дека не се исполнети условите за формирање на ваква комисија, со оглед што СЈО веќе не постои. Ако имаат доволно аргументи дека СЈО работело законито, дека Катица Јанева работела совесно, стручно и законски, ќе имаме расправа на дневен ред и на пленарната седница нека се изјаснат, нека гласаат воздржано или против, но нека не го скратуваат правото да се расправа за ова и да ги понудиме аргументите во таа насока. Велат дека пратениците имале можност да дебатираат двапати годишно кога СЈО доставуваше финансиски извештаи до Собрание, но тогаш не реагирале за ништо.

Инаку од опозициската партија освен проверка на тоа како СЈО за 4 години потрошило 15 милиони евра, бараат да се провери и начинот на кој се вработувале блиски роднини и пријатели. Најавија дека ќе инсистираат овие теми да се расправаат најпрво на собраниска седница, па потоа детално разгледани од анкетна комисија.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер