Врањеш: Свесни сме што не чека - Канал 5

Врањеш: Свесни сме што не чека

Македонскиот првак Вардар денеска го играат реванш натпреварот од четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите против екипата на Фленсбург.

Врањеш: Свесни сме што не чека
На првиот дуел славеа Германците со два гола разлика 24:22. Тренерот на Бундеслигашот Љубомир Врањеш смета дека неговата екипа е доволно искусна за да знае како да одигра на вакви натпревари.

- Ние сме свесни за тоа што не чека на овој натпревар и знаеме што треба да одиграме. Така е тоа во ракометот, имаме два гола разлика, го гледавме првиот натпревар многупати и според тоа што видовме некои работи добро ги завршивме, а во некои сегменти треба да ја поправиме играта. Очекувам тежок натпревар за двете екипи, изјави Врањеш.

Во врска со играта на Вардар на домашен терен, Врањеш смета дека публиката има големо влијание на тоа што го покажуваат „црвено-црните”.

- Од тоа што го видов, мислам дека Вардар има добра публика која што може да го подигне тимот во тешки моменти, играат и одлично во одбраната, имаат квалитетни голмани. Оваа екипа на Вардар има и многу искусни поединци кои можат да одиграат на врвно ниво, стои во изјавата на тренерот на Фленсбург за клупскиот веб сајт на Вардар.

Фленсбург успеа да ги сопре Дибиров и Душебаев на првиот натпревар, но затоа Вардар го имаше расположениот Карачиќ. Врањеш смета дека неговата екипа ја има најдобрата одбрана во светот, и според тоа таквиот начин на игра на првиот натпревар воопшто не треба да биде изненадување.

- Навистина е тешко да се направи тактика за да се сопрат сите играчи од нападот, но ние имаме најдобра одбрана во Биндеслигата, со најмалку примени голови. Тоа значи дека нашата одбрана поддржана од фантастичниот голма е една од најдобрите во светот. Така што воопшто не е тешко да се сопре еден млад и неискусен ракометар како Душебаев да постигне гол. Но, Вардар има доволно квалитет во своите редови за да прикаже квалитетна игра.

Жешката атмосфера во СЦ „Борис Трајковски” кога игра Вардар на домашен терен воопшто не му е непозната на Врањеш, напротив тој посакува што побрзо да ја почуствува истата.

- Ние трипати неделно играме натпревари кои се посетени од 4.000 до 14.000 гледачи, така што ова воопшто не ни е непознато. Напротив, јас едвај чекам да започне натпреварот за да можам да ја почуствувам таа атмосфера, вели гостинскиот предводник. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер