Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
АвтомобилизамВраќањето на легендата: Новиот „Renault 4“ ќе дебитира во ПаризМодерната верзија на познатиот автомобил ќе има премиера на 17 октомври.Триесет години по завршувањето на производството на оригиналната „четворка“, францускиот производител ќе го претстави својот нов изглед на „Renault 4“ на Саемот за автомобили во Париз во 2022 година. Тим од дизајнери кои работат под диригентската палка на Жил Видал, потпретседател за дизајн на „Renault“, создадоа модерна верзија на култниот модел што остави свој белег на автомобилската индустрија од втората половина на 20 век. Врз основа на првите „тизери“ може да се заклучи дека новата „четворка“ ќе биде кросовер возило, а се очекува да има и електричен погон. За потсетување, оригиналниот „Renault 4“ беше произведен од 1961 до 1993 година, а за тоа време беа продадени вкупно над 8 милиони од овие возила. Наследникот секако ќе има ретро дизајн, со елементи на футуристички стил, додека се останато, вклучително и цената, ќе биде нова приказна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Георгина знае како да го утеши Роналдо по елиминацијата од Светското првенство Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо.Атрактивната бринета повторно привлече големо внимание со својата нова објава и порака. Бујната Георгина Родригез повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија со својот партнер Кристијано Роналдо. Атрактивната бринета ужива во летниот одмор со португалската фудбалска ѕвезда, а со новата објава и порака повторно привлече големо внимание. На фотографијата, Георгина го прегрнува Роналдо, додека во преден план е нивното провокативно летно издание, кое предизвика бројни реакции кај фановите. За кратко време, објавата собра дури 3,6 милиони лајкови, а на социјалната мрежа Георгина ја следат повеќе од 75,5 милиони луѓе, што уште еднаш ја потврди нејзината огромна популарност. Георгина и Кристијано важат за еден од најпознатите парови во светот на спортот и шоу-бизнисот. Нивната љубовна приказна трае уште од 2016 година, кога се запознале во продавница на „Гучи“ во Мадрид, каде што Џорџина во тоа време работела како продавачка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter