Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
1Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
3Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
ЗдравјеВраќање на идеалот витка фигура – Како да ги заштитиме децата од притисокот?После годините во кои се истакнуваше разновидната телесна градба и позитивната слика за сопственото тело, се чини дека се врати популарната култура со загрижувачкиот идеал на екстремно витка фигура. Медиумските натписи за брзото слабеење на познатите личности, виралните фотографии и постојаното „брборење“ за лекови како Оземпик ги преплавуваат социјалните медиуми. За децата и тинејџерите кои растат опкружени со таква содржина, речиси е невозможно да ја избегнат пораката „подобро е да си слаб“ што може некогаш да доведе до сериозни последици, пишува Today’s Parent. „Знаеме дека постојаното изложување на идеалот за витка фигура може да поттикне незадоволство од сопственото тело, што е главен фактор на ризик за нарушувања во исхраната“, вели д-р Дебра Кацман, лекар во Програмата за нарушувања во исхраната во болницата SickKids во Торонто. „Децата се споредуваат со слики кои често се нереални, многу изменети и прикажани на начин што ја нормализираат рестриктивната исхрана, а губењето на тежината ја нормализираат како здраво и вредно.“ Пораст на нарушувања во исхраната Овој културен притисок доаѓа во време кога нарушувањата во исхраната кај младите луѓе веќе се во пораст. Според неодамнешното истражување на Канадското педијатриско друштво (CPS), една третина од канадските девојчиња на возраст од 10 до 14 години држеле диети, а до осмо одделение, повеќе од половина од младите се обиделе да ослабат. Истоврмено, студијата на SickKids покажа дека нарушувањата во исхраната се зголемиле за речиси 60 проценти од време на пандемијата COVID-19. Д-р Кацман вели дека пандемијата создала клима погодна за проблемот: социјална изолација, зголемено време пред екран, нарушени рутини и ограничен пристап до здравствена заштита. „Децата беа на часови онлајн, се дружеа онлајн и цел ден гледаа во екраните“, објаснува таа. Што можат да направат родителите? Д-р Кацман вели дека разговорот е најмоќната алатка што родителите ја имаат и советува отворен, љубопитен и неосудувачки пристап. „Започнете со нагласување дека телата имаат различни форми и големини и дека изгледот не го одредува здравјето“, вели таа. „Фокусирајте се на тоа што може да направи организмот, а не како изгледа телото. Наместо да кажете „Трчаш брзо поради твоето витко тело“, кажете „Обожавам да гледам колку си силен кога трчаш“ или „Во последно време изгледаш навистина полн со енергија“, советува таа. Таа исто така предлага да се користат секојдневни ситуации, како што се насловни страници на списанија во продавница или објави на TikTok за слабеење на познати личности, како повод за разговор. Ако детето коментира дека некоја актерка или пејачка „сега е многу слаба“, д-р Кацман ги охрабрува родителите да го истражат коментарот наместо да го игнорираат. „Можете да кажете: „Забележувам дека размислуваш за тоа. Како се чувствуваш ти во врска со тоа?“ Тоа ја отвора вратата наместо да ја затвори.“ Кога децата директно прашуваат за апчиња за слабеење или изразуваат желба да го променат своето тело, целта е разговорот да се базира на сигурни информации и факти, а не на предавања. „Можете да ја признаете нивната забелешка и да објасните дека некои луѓе користат лекови или екстремни диети, но тоа може да биде небезбедно, особено за тела во развој“, вели д-р Кацман. „Здравите навики и балансираната исхрана се најбезбеден начин да се грижите за себе.“ Оваа порака се совпаѓа со ажурираните упатства на CPS, кои ги охрабруваат здравствените работници да усвојат пристап „здравјето пред сè“. Овој пристап дава приоритет на балансираната исхрана, пријатното вежбање и одржливите навики наместо рестриктивните диети фокусирани на тежината. Д-р Ален Тулани, коавтор на новите упатства и доктор во болницата SickKids, објаснува колку е важно да се пренесе пораката дека „најдобрата“ тежина не е нужно „идеална“. „Тежината на една личност е онаа тежина што може да се постигне со практикување безбедни, одржливи, здрави навики и уживање во животот“, вели д-р Тулани. На што да внимавате Родителите треба да обрнат внимание на предупредувачките знаци како што се прескокнување оброци, избегнување на заеднички оброци, опсесивно броење калории, прекумерно вежбање, раздразливост, социјално повлекување или зголемена раздразливост во врска со тежината и изгледот. Доколку се појави загриженост, д-р Кацман ја нагласува важноста на раната интервенција. „Започнете со грижлив, неосудувачки разговор и побарајте стручна помош - од вашиот семеен лекар, педијатар или специјалист“, советува таа. „Колку порано интервенираме, толку подобар ќе биде исходот.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветДмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу ДабиРускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ). Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“. Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев. Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“. Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт. Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44