Кривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание
2Кривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание
3ВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
КултураВрачени „Рациновото признание“ и „Почесното Рациново признание“ за 2016 годинаВо големата сала на Новиот театар во Велес синоќа на 53. „Рацинови средби“ свечено беа врачени „Рациновото признание“ за 2016 година кое за првпат го поделија двајца писатели од младата генерација: Сашо Димоски за романот „Петтото годишно време“ и Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“. Членот на жири комисијата која одлучуваше за наградата проф д-р Јелена Лужина истакна дека откако е востановена наградата за првпат се доделува рамноправно на двајца млади автори: Сашо Димоски има 30, а Владимир Јанковски 39 години, и ако се соберат нивните години и поделат на два ќе се добие 35 години колку што Кочо Рацин имал кога млад починал. Владимир Јанковски во изјавата за МИА потенцира дека оваа награда со името на Рацин многу му е значајна. - Воедно оваа награда ми значи бидејќи ја имаат добиено некои од моите омилени македонски писатели од кои сум учел што е литературата и јазикот, бидејќи еден од начините на којшто тој дише, се развива и функционира е преку литературата. Добивањето на оваа награда значи и инспирација да продолжам и натаму да се пишувам, потенцира Јанковски. „Почесното Рациново признание“ за 2016 му беше врачено на проф. д-р Борислав Павловски од Загреб, по потекло од Македонија, а за неговата афирмација на македонскиот јазик и литература во странство. Павловски работи на Катедрата за македонски јазик и литература на Загребскиот Филозофски факултет. Има објавено педестина трудови меѓу кои неколку посветени на животот и делото на Рацин, а од македонски на хрватски превел драми, како и македонски романи, а го има изработено и првиот македонско-хрватски и хрватско-македонски речник. При добивањето на наградата на свечената бина пред присутните тој презентира една штотуку преведена песна на Рацин од неговата „Антологија на болката“ . Најави дека наскоро од македонски на хрватски јазик ќе ја преведе и издаде и целата стихозбирка „Антологија на болката “. - Го добивам затоа што се надевам сум го оправдал со многу труд. Јас имам преведено над 40 наслови на македонските книжевни дела на хрватски јазик и уште многу други трудови. Работам на катедрата за македонски јазик и литература во Загреб, на која покојниот професор Круме Кепески веќе тогаш сериозно се занимавеше со Кочо Рацин и неговиот опус, а има напипшано и дисертација која за жал му ја имаа одбиено и никогаш не е објавена, а тој нема докторирано. Јас добивајќи ја оваа награда чувствувам дека со неа е вратен долгот кон овој голем човек, мој професор, потенцира Павловски. Тој истакнува дека Рацин е синоним за Велес и Македонија и според него не е само револуционер и поет, туку и нешто многу повеќе, а понатамошните истражувања, како што најави Павловски, треба да дадат и нови сознанија за големината на Коста Солев Рацин. Свеченоста беше збогатена со настап на црковниот хор „Свети Пантелејмон“ под диригенство на проф. Славица Ставрева, со што заврши и програмата на годинашните 53. Рацинови средби во Велес. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерката за енергетика Божиновска и МЕРМС застануваат зад младите иноваториМинистерството покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновацииМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта. Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција. Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија. „Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија“, порача Божиновска. Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакнa дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството. „Европската ноќ на истражувачите“ е можност науката да излезе од лабораториите и академските кругови и да стане поблиска до граѓаните, особено до младите. Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и нови технологии, Божиновска нагласи дека технологијата сама по себе не е доволна – потребни се знаење, креативност и одговорност за таа да се претвори во вистинска иновација. Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта се организира веќе 18 години, а од 2009 година ко-организатори се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Машинскиот факултет – Скопје при УКИМ. Од 2021 година, во рамки на Машинскиот факултет функционира и Центарот за извонредност за зелени иновации, кој е главен организатор на натпреварот. Натпреварот веќе има и значајно европско признание – ја освои престижната ETF Green Skills Award 2025, во конкуренција на 250 апликации од повеќе од 50 земји. Оваа година интересот на средношколците е особено значаен. 42 средношколски тимови пријавија свои иновативни зелени решенија, а повеќе од 60 наставници од Скопје, Охрид и Штип учествуваа во обуки поврзани со подготовката на натпреварот. Со официјалното најавување на покровителството, Божиновска упати повик до средношколците да размислуваат смело, да истражуваат и да создаваат. „Не треба да се плашите од големите идеи. Истражувајте, експериментирајте и користете го знаењето и новите технологии за да создавате решенија. Можеби токму една идеја која започнува како училишен проект ќе прерасне во иновација, компанија или решение кое еден ден ќе придонесе за почиста енергија, поефикасно користење на ресурсите и подобар живот за сите нас“, истакна Божиновска. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со покровителството се приклучува кон иницијативата за поддршка на младите, развој на зелените вештини и создавање нова генерација иноватори, со цел знаењето и креативноста на младите да добијат простор да се претворат во конкретни решенија и нови можности. Говорејќи за значењето на науката и иновациите, Божиновска истакнa дека енергетската транзиција, енергетската ефикасност, обновливите извори, новите технологии и одржливото користење на ресурсите не се само прашања за институциите. „Одговорите на овие предизвици ќе ги создаваат токму денешните млади. Затоа тие не треба да бидат само идни учесници во промените – тие треба да бидат нивни активни креатори“, истакнa министерката. Од Министерството нагласуваат дека поддршката на ваквите иницијативи е инвестиција во иднината – затоа што зелената транзиција не е само промена на енергетскиот систем, туку и промена на начинот на кој размислуваме, создаваме и ја градиме економијата. Од „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ, пораката е јасна: кога младите имаат знаење, идеја и храброст да создаваат, институциите треба да им дадат простор и поддршка идеите да станат реалност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание Пресудата со која е огласен за виновен, сега осудениот Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание на вина на 24.08.2026 година, информираат од Кривичниот суд.Пресудата со која е огласен за виновен, сега осудениот Љупчо Пецов е донесена врз основа на признание на вина на 24.08.2026 година, а со оглед да не е вложена жалба од странките истата е правосилна од 21.09.2026 година. Со пресудата обвинетиот, му се утврдува казна затвор во траење од 2 години затвор и истата нема да се реализираат ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Воедно на обвинетиот му се изрекува и парична казна во износ од 8.000 евра, како и споредна казна Забрана за вршење на дејност - основач или управител на правно лице, односно да управува, раководи или располага со имот на правно лице во траење од 10 – десет години. Обвинетиот правно лице, ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ кое е во стечај му се изрекува парична казна во износ од 1.000.000 денари, а воедно му се изрекуваат и спорни казни – Забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, Забрана за учество во постапка за јавен повик и Забрана за основање нови правни лица сите во траење од 5 години. Судот при определување на казната на овој обвинет, ја имаше во предвид и обврската за обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинетите во овој комплексен кривично - правен случај кои исто така ја признаа вината, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им било изречена исто така алтернативна мерка. Пресудата е во фаза на анонимизиација и за кратко време ќе биде достапна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозицијаВенко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија ....РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија и ред други финансиски придобивки. Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев се тие коишто тргуваа со националните интереси, идентитетот, историјата, јазикот, го сменија името, ја ограбија државата, ги осиромашија граѓаните. Сега, како тоа да не им беше доволно, се противат на напорите на Владата да ја развие државата, да ја развие економија и против граѓаните да живеат подобро. Развојот на рударството е една од гранките кои овозможуваат дол и стабилен раст и развој на домашната економија и индустрија, а СДС и Венко Филипче се против. Како што се против и против развојот на напредната високотехнолошка индустрија и изградбата на дата-центрите, додека одредени нивни сегашни и поранешни сопартијци и ја поддржуваат идејата, а и влегуваат во бизнисот со дата-центрите. Проблемот со развојот на Македонија, очигледно е само кај поединци од талогот на СДС под команда на Венко Филипче. Затоа што тој, под менторство на Заев единствено прифаќа марихуана економија за струмичкиот клан на Заеви, бизниси и тендери од кои лично тој би профитирал дебели провизии и проценти. Со ова Венко Филипче уште еднаш покажа дека не само што е против развојот на државата, туку, воопшто, против Македонија. Наспроти нивните ликувања и обиди државата да не успее, на СДС и Филипче им порачуваме, продолжете да се препелкате во вашиот талог, Македонија ќе се развива и ќе успее и за тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција. Народот ве прочита и на следните избори, кога и да се случат, ќе ве испрати во темните страници на историјата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter