ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
2ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
3Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
КултураВрачени Рациновите признанија за 2014 година На синоќешната свечена програма на 51. Рацинови средби во Младинскиот парк во Велес насловена „Рацин-Муграта на македонската литература“ свечено беа врачени Почесното Рациново признание за 2014 на Тања Ступар Трифуновиќ од Бања Лука од Босна и Херцеговина и Рациновото признание на Паскал Гилевски.Од името на Општина Велес која е организатор на оваа културната манифестација, наградите им ги врачи градоначалникот Славчо Чадиев. Наградата Почесно Рациново признание за 2014 и се додели на Тања Ступар Трифуновиќ за афирмација на македонската литература и култура надвор од нејзините граници. Триесет и седумгодишната Тања Ступар Трифуновиќ ги преведува македонските автори во БиХ и ги претставува во списанието за култура и литература „Путеви“ во кое е негов уредник. Инаку таа работи во Националната и универзитетска библиотека на Република Српска и воедно е уредник на културната програма. Примајќи го ова високо Рациново признание на свечената бина, добитничката Тања Ступар Трифуновиќ истакна дека добивањето на ова признание за неа претставува голема чест и доверба. - Кога поетот ќе добие признание кое носи име на поет на некој начин тоа е за него потресно и го обврзува да направи многу повеќе. За мене е и поттик и во иднина ќе настојувам тие врски помеѓу Македонија и БиХ да бидат уште поголеми, а поезијата е најдобар начин да се поврземе и комуницираме помеѓу себе, потенцира Тања Ступар Трифуновиќ. Веднаш потоа на Паскал Гилевски му беше доделено Рациновото признание за 2014 година за неговиот роман „Посмртна венчавка“ во издание на „Матица Македонска“. Примајќи го ова високо признание Гилевски истакна дека му причинува огромно задоволство и чест да го понесе признанието на великанот на македонскат литература Кочо Рацин,посебно бидејќи му го доделуваат членови на жири комисија, а кои сите се добитници на ова признание. - Рацин во својот живот не добил ниту една награда,но по смртта тој не’ наградува не само нас кои ја добиваме оваа награда со неговото светло име,туку и сите Македонци каде и да живеат во светот. На нас децата бегалци од Егејска Македонија кои живееме насекаде во светот, поезијата на Рацин ни беше најголема духовна врска со нашата татковина - Македонија, а неговите стихови не’ дозволија да го заборавиме мајчиниот јазик, потенцира Паскал Гилевски. Традиционалната Беседа за Рацин на свечената програма ја одржа проф д-р Весна Мојсова Чипишевска, а ја посвети на 75-годишнината од издавањето на Рациновата стихозбирка „Бели Мугри“ и при тоа се осврна за нејзиното големо значење за македонската литература. Со свои стихови настапија и гостите - членови на Друштвото на писателите на Хрватска: Дијана Буразер Деланиќ,Марко Грегор и Кемал Артна. Вечерта беше збогатена и со бендот „Иванов џез квартет“, а на неколку места низ Велес настапија и млади македонски поети. Програмата на 51- тте Рацинови средби во Велес продолжува и денеска./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
МакедонијаНиколоски: Извозот е прв приоритет за домашната економијаВладата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски. Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. “ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски. Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назадСДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет. Лицемерие на највисоко ниво! Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купотБранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда. Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење. Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter