Врачени наградите „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија - Канал 5

Врачени наградите „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија

Престижните почесни награди во рамки на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) беа доделени вчера за време на свечената церемонија која се одржа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

Врачени наградите „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија

Настанот на едно место обедини околу стотина гости - еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија. Годинешните почесни награди беа доделени на Владимир Анастасов - Вац за најистакнат филмски автор, на Тони Михајловски како најистакнат актер и Марина Колоска за најистакнат филмски работник.

Манифестацијата „Златна рамка“ фокусот го става на филмовите произведени во изминатата година и има значајна улога во развојот на филмската култура во земјава. Таа, според организаторите, претставува еден вид витална платформа за филмските професионалци да разменат искуства и согледувања, поттикнувајќи средина за соработка која го подобрува квалитетот и досегот на македонската кинематографија. Истовремено, оваа манифестација ги претставува македонските краткометражни, долгометражни и документарни филмови пред будното око на македонската публика, која со своите впечатоци и критика придонесува за континуиран развој на кинематографијата.

-Со организацијата на ’Златна Рамка’, целиме да ја промовираме македонската кинематографија на поширока публика и верувам дека оваа година успеавме во тоа, иако ни преостануваат уште неколку проекции до крајот на овогодинешното издание. Навистина ми е драго што имаме зголемен број на филмски проекции, а киносалите се исполнети до последното столче, изјави Томи Салковски, генерален секретар на ДФРМ.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов - Изи оценува дека иако посветеноста и креативноста на нашите филмски работници се видливи преку нивната импресивна работа, македонската филмска индустрија бара соодветна поддршка и промоција од нашите институции за вистински просперитет.

-Сегашната состојба на македонскиот филм ја истакнува алармантната потреба од систематско делување. Манифестациите како ’Златна рамка’ го прикажуваат потенцијалот на македонската кинематографија, но без одржлива институционална поддршка, нашата филмска индустрија не може да просперира. Апелирам за зголемена поддршка на македонската кинематографија, за да не се доведуваме во ситуација да треба да ја реанимираме и враќаме во живот. Да ја поддржиме и со тоа и да го поттикнеме филмскиот талент во државата. Ги охрабрувам сите граѓани со своето присуство на филмски проекции да ги испочитуваат нашите талентирани филмаџии и да оддадат признание на македонската кинематографија, вели Игор Иванов - Изи.

Како дел од програмата на филмската ревија „Златна рамка“, до крај на завршување на манифестацијата, љубителите на македонскиот филм во киното “Фросина“ ќе може да ги проследат проекциите на документарниот филм „Дневник по многу години“ со почеток од 18:00 часот, како и долгометражните филмови „Лена и Владимир“ со почеток од 20:00 часот и „Домаќинство за почетници“ со почеток од 22:00 часот.

Дополнително, последниот ден од ревијата ќе биде во знакот на еден исклучително важен сегмент на кинематографијата, а тоа е грижата за нејзиното негување и сочувување. Сите заинтересирани ќе може да присуствуваат на трибината на тема „Зачувување на аудиовизуелното наследство“ со почеток од 12 часот, на која ќе учествуваат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски, соопштуваат од ДФРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Москва нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков.

Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение.

Неколку имиња

Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови.

Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите

Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување.

Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија.

Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти.

Владата предлага измени во законот за изнајмување

Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување.

Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови.

Активистите го повикуваат премиерот на разговори

На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот.

Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви  во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер