3Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
1Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураВрачени годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2025Годинешните лауреати Ќорвезироска, Цветкоски, Шелева, Корнети и Селмани денеска ги примија годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) - „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Димитар Митрев“, „Ванчо Николески“ и „Мост“ за 2025. Со врачувањето на наградите беа одбележани и 79 години од основањето на писателската асоцијација. На конкурсот на ДПМ за петте годишни награди беа пријавени 53 книжевни дела објавени во 2025, седум повеќе од претходната година. За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело конкурираа 17 дела, од кои жирито го избра романот „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Ќорвезироска изјави дека „Стале Попов“ е еснафска награда и има посебен шарм зашто се добива од колегите. - Бездруго се радувам на наградата иако тие не се ниту смислата ниту целта на нашето пишување, но бидејќи придонесуваат за видливоста на она што го работиме, навистина се важни - рече наградената авторка. За романот „Три Марии“ посочи дека е директна алузија на романот „Две Марии“ на Славко Јаневски и со него сакала да му укаже почит како на писател претходник. - Ништо не почнува со нас, секоја генерација е, всушност, некој ластар од претходниците. Се надевам ќе бидеме поддршка и за оние што допрва ќе пишуваат и тоа сакав да го покажам и во романот - така како што јас се однесувам со Славко Јаневски, сметам дека и писателите од една генерација треба да се однесуваат со своите претходници - додаде Ќорвезироска. Бранко Цветкоски, добитникот на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка, за книгата „Вообразби: лирски етиди од некој друг свет“, издание на „Макавеј“, изјави дека таа е една од најмаркантните во книжевноста во Македонија. - Многу се гордеам, задоволен сум и среќен што моите колеги ме удостоија годинава со оценката оваа моја книга да биде наградена. Голема чест е и што моето име се врзува со името на Шопов. Имам искуства на убави средби со Шопов. Се сеќавам кога ја објави „Небиднина“, тој рече: „Во иднината небиднината ќе ви биде многу чудна и ќе се чудите зошто ја крстив книгата ‘Небиднина’“. Тоа некако се врзува и со мојата книга „Вообразби“ бидејќи вообразбата е исто така првиот нестварен удар што не знаете каде ќе ве одведе. Но, јас се надевам дека големата уметност секогаш ме одведува на места што постојано ги посакуваме и да бидеме ведри и безгрижни - рече добитникот на наградата „Ацо Шопов“ за која годинава биле пријавени 16 поетски книги. За наградата за книга есеи „Димитар Митрев“ за 2025 конкурираа четири наслови и, според одлуката на жирито, ја доби Елизабета Шелева за „Книжевни созвучја и огледала“, издание на „Сивејан“. Шелева нагласи дека ова е единствена награда што кај нас се доделува за книжевна критика и, како што рече, „дотолку повеќе е значајна што е поврзана со родоначалникот на една жестока и темпераментна, понекојпат исклучива позиција во книжевната критика - Димитар Митрев“. - Во последните десет години има засилено присуство на жени што се занимаваат со книжевна критика и заслужено добиваат награди. Критиката не е само компетенција, знаење, ерудиција, начитаност, елоквентност, туку е и етика. Бара да се оформи, но и да се задржат интегритетот, ставот, односот кон новите автори, новите струења, кон некои обиди за постигнување компромис, кои многу често одат на штета на вистинските естетски вредности, а повеќе на некаков вид атер што јас го осудив во мојот воведен текст во книгата бидејќи квалитетна книжевна критика од атер не може да се направи. Критиката треба повторно да го добие местото, кое мислам во последно време како да ѝ е одземено во јавниот простор - порача Шелева. Наградата за книга за деца и млади „Ванчо Николески“, за која годинава конкурираа 13 книги, ја доби Хана Корнети за „Илина и тајните на Бабин Заб“ во издание на „Или-или“. Нејзината наградена книга е втор дел од планираната трилогија, во која првиот дел беше со наслов „Илина и шумските тролови“. - Тоа се книги што и јас би сакала да ги читам како дете затоа што се забавни, имаат хумор и магија, како и комплексни теми - пријателство, емпатија, развод на родители, загуба на близок човек... Проблем на денешните генерации е тоа што дигиталните уреди им се достапни уште пред да проговорат и, според едно истражување, тоа им ја намалува концентрацијата, но и капацитетот да размислуваат, анализираат и да фантазираат. И затоа апелирам да ги охрабрувате децата да читаат затоа што така ќе развиваат фантазија, осет за себе и ќе видат дека магијата вистински постои единствено во книгите - изјави Корнети. По неколку години пауза, ДПМ втора година ја додели и наградата „Мост“ за најдобра книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во земјата. Од три книги што биле пријавени на конкурсот годинава, наградата ја доби Ахмет Селмани за поетската книга „Инфинитивна поука“ (Embsuame Paskajore), објавена од „Академска мисла“. Селмани изјави дека е особено задоволен што ја добива наградата „Мост“, која за него е метафора за поврзување. - Не само поврзување на еден брег со другиот туку мост како метафора за кохезија, за место на средби итн. Во книгата „Инфинитивна поука“ успеав инфинитивот од граматиката да го претворам во поетски мотив создавајќи нов дискурс во инфинитив зборувајќи за сите проблеми и преокупации на човекот во времето и просторот - изјави Селмани. Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски, во обраќањето по повод роденденот на ДПМ посочи дека писателската асоцијација денес има 171 член. На своите социјални медиуми, рече тој, ДПМ активно ја промовира македонската литература и споделува извадоци од творештвото на членовите на Друштвото што конкурираат за годишните награди. Во следните денови ќе бидат објавувани осврти од жири-комисиите за сите дела што влегоа во финалето за наградите. Грозданоски соопшти дека на средба со министерот за култура и туризам денеска, на која биле и претседателите на друштвата на ликовни уметници и на филмски работници, разговарале сите три друштва (ДПМ, ДЛУМ и ДФРМ) да добиваат годишни грантови или друга финансиска поддршка за инситуционално работење, и тоа, како што рече, драматично ќе го подобри нивното функционирање. Во пресрет на 80-годишниот јубилеј в година, Грозданоски кажа дека им претстои многу работа – да се направи попис на богатиот книжен фонд, да се разработи издавачката дејност на ДПМ и да се поврзат со сродни друштва и писатели од регионот и од светот. - Најважно од сè е тоа што Друштвото е живо и активно се движи кон големиот јубилеј – 80 години од основањето, додаде Грозданоски.Тагови: Друштвото на писателите на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПредавање за јапонскиот чај „Сенча“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје На 13 ноември 2026 година, во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи настанот „DISCOVERY: Јапонски чај – Сенча“, посветен на историјата, културата и традицијата на јапонскиот чај.Гостинка на настанот ќе биде Курита Јунко, специјалистка за јапонски чај, која ќе одржи предавање за историјата и културното значење на јапонскиот чај, ќе претстави јапонски изрази поврзани со чајната традиција и ќе им овозможи на присутните да учествуваат во дегустација на јапонски чај. Настанот ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, а предавањето ќе биде на англиски јазик. Учеството е бесплатно и не е потребна претходна регистрација. Настанот е во соорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Јапонската фондација од Будимпешта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај МицкоскиПочитувани граѓани, сведоци сме деновиве на едно панично штитење од страна на Мицкоски и од страна на Владата на Алта банка на Александар Вучиќ.Едноставно му нареди, буквално му нареди на Трајко Славески како гувернер да поднесе кривични пријави, не само како гувернер, туку и Народната банка да поднесе кривични пријави против претседателот на партијата, Венко Филипче, против генералниот секретар, против потпретседателот на партијата и против мене. Исто како што беше, значи, внесувањето на Алта банка на Вучиќ во Македонија, така сега се копира однесувањето на Вучиќ во нашата земја. Имаме чист копи-пејст на тоа што го гледавме во Србија. Значи, што можеме да заклучиме? Малиот Вучиќ од Македонија работи по налог на оригиналот од Србија. Сакаме денеска, преку веројатно една подолга прес-конференција, меѓутоа, за да можеме што е можно пократко да разбереме што кај нас се случува, ќе се обидам преку два примера за да ни стане на сите јасно како функционира овој систем, оваа поврзаност, папочна врска помеѓу Вучиќ и Мицкоски или помеѓу Мицкоски и Вучиќ. Како сакате, нема разлика. Значи, да појдеме со примерот на звучниот топ. Во Белград, по употреба на звучниот топ, откако полицијата предизвика хаос на улиците за време на протестите против криминалниот режим на Вучиќ, министерот за внатрешни работи Дачиќ прво изјави дека тие не поседуваат топ. Наредниот ден изјави дека поседуваат топ, ама дека топот е мал, за да ден потоа изјави дека да, имаат голем топ, меѓутоа не бил употребен таа вечер. По извештаите на странските агенции и по реакцијата и вклучувањето на Обединетите нации, што направи Вучиќ? Посегна по секој модел на владеење на оној којшто владее со режим. Ја обвини опозицијата дека ширела паника помеѓу граѓаните. Дали ви звучи познато? Се разбира, тоа се случува кај нас. Тоа се случува сега под истиот терк. Така работи и нашиот премиер Мицкоски. И не само што обвини дека опозицијата шири паника, туку започна и со апсења, со кривични пријави. Многу познато. Денеска истрагата е во тек. Ќе дојдат одговорности и до него и до министерот, и до сите оние што лажеа и направија таква паника. Сега го гледаме сето тоа, исто како Мицкоски го прави со Алта банка. Прво, јунакот побегна во Германија на екскурзија и оттаму набљудуваше што се случува сето тука, за фокусот да биде на други, никој да не гледа каде е тој. Го снема цела недела. По информациите од обвинителот од Србија дека банката служела како пералница на пари, Славески и Мицкоски рекоа дека кај нас сè е во ред. Се сеќавате. Само што рекоа дека сè е во ред, потоа објавија дека има пет-шест заинтересирани за купување на банката. Чекајте, се поставува прашањето зошто би се продавала банката ако сè е во ред? Или како се нуди кој ќе купи банка којашто е под истрага, чиј сопственик е во притвор, чијшто влез е забранет во Црна Гора, банка којашто е под истрага или банка за којашто Централната банка на Европа изјави дека не сака и не дозволува влез на таквата банка, односно таквите криминални пари во нејзиниот систем затоа што се сомнева во потеклото на парите, односно дека е направено со перење на пари. На крај, кого обвинија? Се разбира, медиумите. И потоа, откако се врати Мицкоски, на крај мораше да се врати во Македонија, се разбира, се обвини дежурниот виновник, а тоа е СДСМ. Значи, ете го истиот модел со истите обвинувања за ширење паника, со истите алатки коишто ги користи секој режим, а тоа е притисок врз опозицијата, налози за апсења и така натаму. Во Србија, да одиме сега преку друг пример. Народната банка рече дека сè е во ред. Следниот ден ја одзеде дозволата за работа, а по два дена банката отиде во стечај. Како беше кај нас? Тогаш СДСМ не ширеше паника, туку ширеа паника оние што се задолжени и оние што овозможија влез на овие пари од Србија во Македонија. Значи, веднаш по воведувањето на присилната управа, гувернерот Славески рече, цитирам: „Сè е во ред“, но веќе наредниот ден, ако се сеќавате, воведе ограничување од десет илјади денари. Потоа ја воведе присилната управа и им забрани на граѓаните да ги користат средствата, оние пари коишто се неопходни за храна, за лекови и така натаму. Познат модел, истиот под теркот на она што го гледавме во Србија. Внимавајте што се случуваше кај нас по најавите од Белград дека се вршат сомнителни трансакции за големи износи од Белград преку Скопје во Москва. Тие направија директна штета и вистинска паника предизвикаа меѓу граѓаните. Ете, тоа е паниката којашто вистински беше проширена токму од нив, токму од Мицкоски, токму од Славески. Славески самиот многу добро знае дека со потписот самиот себе се обвинил, затоа што дал дозвола за работа на оваа банка на Вучиќ, којашто служи за перење пари коишто се внесени преку криминал, преку корупција и преку продажба на дрога. Мицкоски јавно призна, да потсетиме, дека учествувал и со банката и со осигурителната компанија. Почитувани граѓани, сега на ред е обвинителството. Сега обвинителот Савески е на потег. Дали ќе застане на страна на правдата и на страна на вистината или ќе застане на страна на организираната криминална банда на Мицкоски? Во Србија, да потсетиме, секој ден има апсење и сите оние обвинители што учествуваа во оваа криминална шема на Вучиќ веќе се соочени со кривични пријави. Сето ова со оваа наша банда којашто е на власт, за да помине, мора да постои една ваква организирана шема, криминална, којашто е одбранета и е спонзорирана однадвор и поддржана од нашиот премиер. Овие балкански картели, како што се рушат во Србија, ќе се срушат и кај нас затоа што се дел од тој голем балкански картел. Во Србија, по осудата и барањето истрага од меѓународната заедница, Вучиќ ги повика Русите во одбрана. Единствено којшто застана во одбрана на Вучиќ е, кој друг ако не ФСБ, Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Се поставува прашањето дали истиот модел ќе го користи Мицкоски? Времето ќе покаже. Сега да признаеме и ние нешто. Дали СДСМ некаде ширеше паника? Да, но не кај граѓаните, туку ширеше паника и ќе шири паника кај Мицкоски и кај криминалната банда којашто е опкружена околу него и нема да се спаси од таа паника и ќе одговара. Вчера во Собранието, на Комисијата, Мицкоски лажеше пред целата македонска јавност само за да се оправда со Алта банка. Тие гнасни лаги коишто вчера Мицкоски ги изнесе против СДСМ за тоа како ја внел и кој ја внел Алта банка во Македонија, бидете сигурни дека ќе одговара и за тоа. Сакам на крај да му порачам нешто од име на СДСМ директно на премиерот Мицкоски. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Тоа што работеше по налог на твојот шеф Вучиќ, знаеш и сам каде те одведе. Веќе нема назад. Доаѓа време на вистината. Доаѓа време кога ќе одговараш. Доаѓа време кога сите ќе ја дознаеме таа вистина и ќе бидеме задоволни што конечно ќе се соочиш со правдата. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – Секретар за меѓународна соработка Скопје, 12.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамTИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ГО ОСТВАРИ СВОЈОТ НАЈДОБОР РЕЗУЛТАТ ВО СЕЗОНАТА 2026 ВО МОНЦАTимот Peugeot TotalEnergies успеа да освои бодови со двата болида PEUGEOT 9X8 на последната трка од сезоната на FIA WEC, одржана во Монца.Tимот Peugeot TotalEnergies успеа да освои бодови со двата болида PEUGEOT 9X8 на последната трка од сезоната на FIA WEC, одржана во Монца. Болидот #94 PEUGEOT 9X8, управуван од Loïc Duval, Théo Pourchaire и Malthe Jakobsen, го освои четвртото место. Откако во поголемиот дел од трката се бореа за пласман меѓу првите пет, Nick Cassidy, Paul Di Resta и Alex Quinn завршија на осмото место со болидот #93 PEUGEOT 9X8. Tимот Peugeot TotalEnergies успешно ја заокружи сезоната 2026 на Светскиот шампионат во трки на издржливост (FIA WEC), со одлична трка на неделната трка на патеката „Autodromo Nazionale di Monza“. По шест часа тркање, францускиот производител го оствари својот најдобар резултат оваа година, со освоени бодови за двата Hypercar болида PEUGEOT 9X8, вклучително и одличното четврто место. Со својата брза конфигурација и неодамна обновената асфалтна подлога, патеката позната како „Храм на брзината“ се чинеше дека особено му одговара на PEUGEOT 9X8. Почетните сесии го потврдија тоа, како на влажна патека за време на слободните тренинзи, така и во суви услови за време на Hyperpole. Со освоените петто и деветто место на стартната линија, тимот Peugeot TotalEnergies влезе во последната трка од сезоната со високи амбиции. И покрај ограничените можности за возење подолги возачки сесии со мазни (slick) гуми, двата француски Hypercar болидисепак брзо се пробија меѓу првите десет и останаа таму во текот на целата трка, која беше обележана со неколку периоди на неутрализација. На половина од трката, двата болида PEUGEOT 9X8 се наоѓаа меѓу првите пет. По интензивна борба во завршните кругови, #94 PEUGEOT 9X8 ја мина целната линија на петтото место, но по изрекувањето казни на други конкуренти по завршување на трката да биде класифициран на четвртата позиција. #93 PEUGEOT 9X8 го заокружи одличниот вкупен резултат со освојување на осмото место. Сепак, казната од 10 секунди го спречи тимот да оствари уште подобар пласман. На тој начин, тимот Peugeot TotalEnergies успешно ја завршува сезоната 2026 во FIA WEC, со освоени бодови за двата болида PEUGEOT 9X8 и четвртото место на трката во Монца. Целиот тим сега е целосно насочен кон новиот предизвик и кон што поефикасна подготовка за сезоната 2027. Emmanuel Esnault, Шеф на тимот – Тимот Peugeot TotalEnergies „Монца понуди навистина возбудлива трка за навивачите. Од наша страна, задоволни сме што имавме добро темпо и што се боревме за пласман меѓу првите пет според покажаното на патеката. Нашата цел беше двата болида да се пласираат во Hyperpole и барем еден од нив да заврши меѓу првите пет, а тоа и го остваривме. Ова е одлична награда за целиот тим, кој не се откажа ниту во еден момент, и покрај тешката сезона. Сепак, жалам за казната што му беше доделена на болидот #93. За неа бевме известени три круга пред нашето влегување во боксот и веднаш ја „отслуживме казната“, за дури потоа да откриеме дека била доделена на погрешниот болид. За жал, тогаш веќе беше предоцна да ја оспориме одлуката. Сега гледаме напред и целосно ќе се посветиме на подготовките за сезоната 2027.“ Nick Cassidy (PEUGEOT 9X8 #93) „За мене, тоа беше релативно мирен период зад управувачот. Болидот беше навистина добар денес, но за жал, казната нè спречи да завршиме на подобра позиција од осмото место. Пред тоа, навистина бевме во борба за повисок пласман. Paul заврши одлична работа на стартот, а Alex одлично ја заврши трката. Искрено, мислам дека заслуживме повеќе, но тоа е тркањето. Сепак, целиот тим може да биде горд на оваа последна трка. Со двата болида се пласиравме во Hyperpole, а потоа успеавме да освоиме бодови со двата болида. Ова беше одличен начин да ја завршиме сезоната, а сега со нетрпение ја очекувам 2027 година!“ Paul Di Resta (PEUGEOT 9X8 #93) „Иако освоивме бодови, конечниот резултат е разочарувачки ако се земе предвид дека по три часа тркање, според покажаното на патеката, бевме на четвртата позиција. Сепак, мора да гледаме напред. Пред нас е напорна зима во текот на која ќе работиме на подготовката на EVO верзијата на нашиот болид. Сите ќе вложиме огромен труд за да му помогнеме на PEUGEOT да се врати на самиот врв на светските трки на издржливост. Од утре, целиот наш фокус ќе биде насочен кон 2027 година!“ Alex Quinn (PEUGEOT 9X8 #93) „Беше одлично што имав можност да стекнам дополнително искуство зад управувачот на PEUGEOT 9X8 и да се подготвам за следната година. Навистина уживав во денешното возење на болидот. Работите не се одвиваа секогаш според нашите очекувања, но темпото и потенцијалот беа очигледни, и тоа многу ме радува. Морам да кажам дека возењето на моите први тркачки кругови тука на сува патека беше предизвик, но воедно и навистина возбудливо искуство, за кое сметам дека добро се справив. Сега со нетрпение очекувам максимално да го искористам целото стекнато искуство во сезоната 2027.“ Loïc Duval (PEUGEOT 9X8 #94) „Навистина бевме во игра овој викенд и се боревме со најдобрите, што секако многу нè радува. Во еден момент дури можевме да се надеваме и на нешто повеќе... Разликите беа многу мали, но конечниот резултат ги одразува перформансите што ги покажавме овој викенд. Очекувавме оваа патека да ни одговара малку повеќе, особено затоа што нејзината површина беше повторно асфалтирана. Одлично е што ја завршуваме сезоната на ваков начин. Пред нас има уште многу работа, но убеден сум дека овој одличен резултат ќе донесе дополнителна мотивација во тимот додека се подготвуваме за 2027 година.“ Malthe Jakobsen (PEUGEOT 9X8 #94) „Многу сум среќен што успеав на ваков начин да го заокружам моето поглавје со тимот Peugeot TotalEnergies. Почувствував силни емоции кога се вратив во боксот и ги видов сите тие дански знамиња. Тоа беше навистина посебен момент! Никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам на целиот тим за прекрасните четири години што ги поминав со нив. Многу сум среќен што ја завршувам сезоната со ова четврто место. Борбата со Alex Lynn на самиот крај од трката беше многу интензивна, но јас секогаш ја држев својата линија, така што станува збор за инцидент во текот на тркањето. Во секој случај, времето поминато со тимот Peugeot TotalEnergies и оваа последна трка ќе ги паметам до крајот на животот. Ви благодарам на сите!“ Théo Pourchaire (PEUGEOT 9X8 #94) .„Мојата прва сезона во FIA WEC заврши во Монца со одлично четврто место, што воедно беше и нашиот најдобар резултат оваа година. Во текот на 2026 година имавме и добри и тешки моменти, но сакам да му се заблагодарам на целиот тим и на моите тимски колеги за сè што споделивме заедно. Дадовме сè од себе од почетокот до крај, а јас научив навистина многу. Со нетрпение очекувам да видам што носи иднината.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter