3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураВрачена Повелбата „Блаже Конески“ на академик Матеја МатевскиПретседателот на Друштвото на писателите на Македонија Веле Смилевски денеска го врачи високото признание Повелба „Блаже Конески“ на академик Матеја Матевски. - Бардот на македонската поезија, академик Матеја Матевски е прв добитник на Повелбата „Блаже Конески“ што се доделува за врвни творечки остварувања од парадигматски карактер, со трајни белези во развојните процеси на македонската литература и со значајни проблесоци во литературните и културни центри во Европа и во светот, рече Смилевски при врачувањето на наградата. Според него, со денешната средба и со врачувањето на Повелбата на поетот Матеа Матевски Друштвото му оддава почит и на големиот поет, раскажувач, есеист, книжевен истроричар, лингвист и преведувач Блаже Конески, кој со својот богат опус остави длабоки траги во повоениот развој на македонската литература, како и во областа на науката за книжевноста и лингвистиката. Матеја Матевски на врачувањето истакна дека му претставува голема чест што Друштвото му ја доделува оваа толку драга Повелба со името на Блаже Конески, неговиот професор, подоцнежен колега и пријател во последните негови денови. - Ви благодарам што присуствувате на оваа свечена средба, која е чест за мене, но и заедничка почит кон Блаже Конески, нагласи Матевски. Академик Георги Старделов, зборувајќи за творештвото на Матевски, рече дека тој е судбински поет. - Кај него и неговата поезија нема ниту трошка патетика. Ниту еден наместен или лажен гест. Тој е поет на големото отворање на енигмите на битието, што во неговите песни се распеало, отворајќи ги своите закатанчени и темни двери за да биде озарено од нејзината духовна светлина, нагласи Старделов. Свечениот собир беше збогатен со музичка програма на гудачкото дуо Наташа Диденко, (виолина) и Александра Јаневска (виолончело). Матеја Матевски (Истанбул, 1929) е автор на богат и значаен поетски опус. Првата стихозбирка „Дождови“ ја објавил пред 60 години, смело афирмирајќи ги новите модернистички тенденции кои оттогаш до денес се проткајуваат во сите важни фази од развојот на современата македонска литература. Неговата поезија е презентирана во посебни книги на 25 јазици во светот. За своето творештво Матевски е добитник на врвни книжевни награди што се доделуваат кај нас и во светот, меѓу кои и на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Тој е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, а бил претседател на ДПМ и на Македонската академија на науките и уметностите. Повелбата „Блаже Конески“ неодамна ја востанови ДПМ во знак на чествување на големиот поет и прв претседател на македонската писателска асоцијација Блаже Конески и ќе се доделува на секои пет години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИсламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења. „Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34