КултураВрачена наградата за театарска критика на Христо ПетрескиНа Христо Петрески, критичар и есеист, писател, издавач и универзитетски професор денеска му беше врачена наградата „Ерго СУМ“ за серијата објавени театарски рецензии во текот на 2012 година. јави МИА. Наградата за театарска критика ја доделува списанието за уметност „Сум“. Наградата (уметничка слика, статуетка и плакета) на Петрески му е доделена за објавените театарски рецензии за претставите „Хасанагиница“, „Животот на Молиер“, „Хенри Шести“, „Госпоѓица Јулија“, „Енциклопедија на изгубеното време“, „Човекот перница“, „Генетика на кучињата“, „Декамерон“, „Јустинијан Први“, „Домот на Бернарда Алба“ итн. На доделувањето на наградата на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА во Скопје, Трајче Кацаров, член на жири-комисијата и главен и одговорен уредник на „Сум“ рече дека списанието е омаж на многу македонски автори кои даваат свој сериозен прилог кон она што значи автентичен од на македонската книжевност, но и на многу светски автори. - Кога правиме омаж не тргнуваме само од она што тој претставува во литературата туку поаѓаме и од некои други човечки особености, од семејството, неговиот прилог од неговата професионална ориентација...Последниот 71 број на „Сум“ го посветивме на современата српска поезија. Наградата за театарска критика е дадена за 2012 година во која Христо Петрески беше најприсутен театарски критичар, истакна Кацаров. Во најновиот број на списанието „Сум“, добитникот на наградата за театарска критика е претставен со театарски дневник од рецензии за петнаесет претстави изведени во 2012 година. - Токму со оваа награда ќе почнат да се раѓаат нови театарски критичари кои нема да бидат благонаклонети кон театарот. Не е критичар тој што ќе напише позитивна критика, критичар е тој што ќе ја оцени претставата. Мислам дека Христо Петрески има таков сенс, додаде Кацаров. Ректорот на Универзитетот ЕСРА и претседател на жири-комисијата Јордан Плевнеш рече дека Христо Петрески го води секторот театарска и филмска критика на Универзитетот во постдипломските студии. - Тој имаше импресивна дејност минатата година и наградата е заслужена, посочи Плевнеш. Петрески заблагодарувајќи се за наградата рече дека се чувствува малку преморено и малку разочарано. - Во Македонија да си критичар, не мора да си театарски, воопшто не е пријатно. Еден од првите критичари на кои јас во тоа време му се воодушевував беше Јордан Плевнеш. Кога го пишувате текстот морате многу нешта да ги кажете меѓу редови. Позицијата на критичарот е многу бедна. Денес ни основните трошоци за пат нема да ви ги платат, а не повеќе од тоа. Блиску сум до идејата наскоро да објавам книга „100 театарски рецензии“, посочи Петрески. Тој неодамна ја објави книгата „Македонска театарска критика“ во која се застапени 15 истакнати македонски театарски критичари. Наградата „Ерго СУМ“ во иднина ќе биде традиционална, а годинава се доделува во пресрет на 27 март, Светскиот ден на театарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook