3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот
КултураВрачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016-таПроучувачот на македонскиот фолклор Марко Китевски, обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата и преведувачка Весна Ацевска-Стојчевска и театарската критичарка Лилјана Мазова денеска во Собранието на Република Македонија ја примија државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и образованието. Признанијата им ги врачи академик Владо Камбовски, претседател на Одборот за доделување на оваа награда за 2016 година. Во обраќањето тој се осврна на наследството што го оставил свети Климент во деветтиот век кое го продолжиле просветителите, преродбениците, учебникарите, споменувајќи ги и Миладиновци, Рацин и Конески. - Република Македонија денес е мултикултурно општество што се стреми во 21 век да се вклучи во рамноправен натпревар со другите европски општества како општество засновано врз знаења. Тоа значи дека развојот на обрзованието, науката, културата и другите општествени дејности е клучниот просветителски постулат во времето на големите предизвици за нашето општество. Посланието на свети Климент - спасението да се бара во народното просвештение - е завет кој одредувал отсекогаш, а денес повеќе од секогаш, таквата мисионерска задача на учителите, научниците, уметниците, творците и вредните работници во сите области на човековото живеење, рече Камбовски. Во име на петтемина годинашни добитници се заблагодари фолклористот Марко Китевски кој истакна дека да се добие оваа награда е голема чест и признание затоа што го носи името на заштитникот на македонскиот народ и патронот на Македонската православна црква, наследничка на Охридската архиепископија, а особено, како што рече, затоа што се случува во годината кога се одбележуваат 1100 години од упокојувањето на светителот Климент. - Ние ја добиваме оваа награда за тоа што сме го направиле во изминатите неколку децении, но таа не обврзува и во иднина да го славиме свети Климента и да и служиме на нашата татковина. Да создадеме уште нешто по што ќе бидеме препознаени, со конкретни дела да се одолжиме и кон минатите генерации, но да оставиме нешто вредно и за идните поколенија. Свети Климент ни остави аманет да ја чуваме нашата света црква, да го чуваме нашиот јазик, нашето име, а тоа подразбира да ја чуваме нашата татковина, рече Китевски. Тој е најпродуктивен македонски фолклорист, кој проучува, собира и публикува народни умотворби. Има 60-ина книги. меѓу нив и едиција „Македонски народни умотворби“ во десет книги, како и околу 400 прилози објавени во периодиката во Македонија и во странство, кои имаат извршено влијание врз науката за фолклорот. Музичкиот уметник Јосифова-Неделковска настапува на светските сцени повеќе од 20 години и има концертни настапи во 27 земји во безмалку сите континенти. Во својот репертоар вклучува први изведби на композиции за обоа од современи автори, неретко и од македонски. Посветена и на педагошката работа со студенти на ФМУ. Скулпторот и проф. по вајарство на ФЛУ Башески е активен на домашната и на меѓународната ликовна сцена, кој во творештвото е фокусиран на хиперреализмот, но и на јавната монументална историска пластика. Меѓу ретките македонски автори што е посветен на монументалната скулптура со религиска, археолшока и психолошка тематика. Поетесата, прозаистка и преведувачка Ацевска-Стојчевска е авторка на седум поетски книги. Од нејзината поезија се објавени десет избори на повеќе јазици и е застапена во антологии на современата македонска поезија. Во нејзината богата преведувачка работа се вбројуваат и преводите на финскиот еп „Калевала“ и нордискиот еп „Стара Еда“. Театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова речиси четири децении ги коментира настаните позврани со театарот оставајќи пишани траги за одиграните претстави. Објавила над десет илјади рецензии, интервјуа, коментари, колумни во весници и списанија и е авторка на повеќе од 20 книги, монографии и други театарски изданија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКонгресот на САД изгласа построги санкции против РусијаПретставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис. Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол. Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.Тагови: Конгрес русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерствоВо рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. DFC во своето работење посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции. Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес. Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Мицкоски оствари средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во разговорите беше истакнато значењето на традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и важноста на парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји. Серијата средби во Вашингтон претставува продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД, но и за негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за нашата држава. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни и долгорочни македонско американски односи остануваат важен темел на соработката меѓу двете држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законотИнсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини. Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема. Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема. Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството. Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува. Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ. Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter