Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор - Канал 5

Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор

Новинарката на Радио Белград, Милена Божовиќ денеска им се обрати на студентите пред зградата на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, но и на нејзините колеги кои ги покани да излезат и да им се придружат, јави Бета.

Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор

Група вработени во РТС, членови на неформалната група „Наш протест“ се собраа пред зградата на јавниот сервис, која од синоќа е блокирана од студенти.

„Ние сме вработени во РТС и тука сме да ја браниме честа и угледот на нашата куќа и нашата професија. Од првиот ден ги поддржуваме студентите во нивните барања. Ги покануваме сите наши колеги да ни се придружат овде. Ако мораа да влезат преку скали и тајни премини, нека дојдат овде кај нас и барем нека излезат како луѓе“, им порача Божовиќ на колегите.

Студентите и граѓаните кои ја блокираа РТС одговорија со извици „излезете надвор“ и „исполнете ги барањата“.

Од синоќа блокирани се сите три официјални влеза во зградата на РТС. Вработените, сепак, дошле на работа влегувајќи низ ходникот и прозорецот од подрумот од кој биле исечени решетките за да се овозможи влез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредени

Две лица загинаа, а две се тешко повредени кога се урна мал авион во градот Гаминг во најголемата австриска покраина, Долна Австрија, објавија локалните медиуми.

Авионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредени

Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне.

Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот.

Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус.

Во авионот имало четири лица, сите од округот Амштетен. Непристапниот терен ја отежнал спасувачката операција, а пожарникарите морале да користат моторни пили за да си го пробијат патот до малиот авион и да преминат поток.

Тие морале сами да ја носат тешката опрема за спасување по теренот.

Во исто време, бидејќи во областа нема сигнал за мобилни телефони, спасувачите морале да комуницираат преку радио.

На местото на несреќата беа 90 пожарникари, како и членови на планинската спасувачка служба, брзата помош и полицијата.

Тие го пронајдоа леталото целосно уништено, а тешко повредените беа евакуирани од местото на несреќата со помош на опрема за спасување и специјално јаже, и беа пренесени со хеликоптер во болниците во Линц и Амштетен.

Местото на несреќата е заградено, а на местото на несреќата пристигна Комисијата за истрага на воздушни несреќи.

Според првичните извештаи, причината можеби била технички дефект, а очевидци наводно слушнале необични звуци од моторот.

Обвинителството нареди обдукција на телото на пилотот, објави Кроне.

Фото: ВИ илустрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит

Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер