Вработените во М-НАВ штрајкот го ставаат во мирување - Канал 5

Вработените во М-НАВ штрајкот го ставаат во мирување

Тенденциозна и без да имаме можност да доставиме докази во наша полза – вака синдикатот на контролорите за летање во М НАВ ја коменира вчерашната одлука на граѓанскиот суд во Скопје да го забрани штрајкот закажан за во понеделник.

Вработените во М-НАВ штрајкот го ставаат во мирување

Велат дека не добиле никакво известување за тужба од раководството пред суд со предлог за забрана за организирање на штрајк, судското рочиште закажано за денес било отповикано и без нивно знаење одржано вчера. Според нив судот сам одлучил дека тужбата по која требало да се одлучи дали воопшто имале право на штрајк е времена мерка.

-Времената мерка, како што е донесена во решение, не стои никаков рок, што значи не може да биде времена мерка туку вика се донесува времена мерка за штрајкот да се прекине. Нема ни кога да се закаже следно рочиште, нити дека е закажано, напротив со самото решение вика дека рочиштето закажано за 17.10 се откажува, што се гледа дека е тенденциозно со намера да не ни се овозможи да ја дадеме нашата одбрана и во наша полза.- изјави – Александар Тасевски – Претседател на ССКЛ.

Од Граѓанскиот суд за Канал 5 велат дека имало неколку неуспешни обиди за достава на поканата за рочиште и одговор на тужба, но претставниците на синдикатот не биле пронајдени на адреса. Судот, велат, водел сметка дека последиците би биле несогледливи по однос на државата, затоа согласно закон одлуката ја донел вон рочиште.

-Штрајкот закажан со почеток од 20.10.2025 година е спротивен на сите цитирани законски одредби бидејќи не е спроведена постапка за помирување, во барањето не се наведени конкретни барања согласно закон и со вака спроведување на еден незаконит штрајк се загрозува јавниот интерес и безбедноста на граѓаните а може да се нанесе непоправлива штета во воздушниот сообраќај. -Основен Граѓански суд Скопје.

Од Синдикатот велат и дека имало постапка за помирување но со претходното раководство. Ќе го почитуваат решението на судот и штрајкот ќе го стават во мирување, но не се откажуваат од нивните барања кои се дел од спогодбата од 2023 за која како што велат новото раководство не сака да ја спроведе бидејќи е потпишана со старото. Во неа се опфатени нивните барања меѓу кои почитување на колективниот договор, систематизација на работните места, надворешна анализа за потребите од човечки ресурси и подобрување на условите за работа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа.

Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание.

Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер