Вработените во клинички бараат средба со новиот министер за здравство - Канал 5

Вработените во клинички бараат средба со новиот министер за здравство

Здравствените работници чекаат одговор на доставеното барање до новиот министер за здравство Фатмир Меџити за средба .

Вработените во клинички бараат средба со новиот министер за здравство

Здравствените работници чекаат одговор на доставеното барање до новиот министер за здравство Фатмир Меџити за средба каде ќе му го образложат своите барања и во делот на ветените зголемни проценти. Веруваат дека новиот министер ќе ги повика поскоро, бидјеќи е нивен колега од клиничкиот ценатар.

Од синдикатот очекуваат дека и владата ќе го одржи своетот ветување за да бидат повикани и разговараат, велат дека имало ветувања од ноември за состнок со премеирот Ковачевски, но се уште средбата се нема оставарено.

Синдикатот најави дека ако во наредната недела не бидар приемни кај министерот за здравство наредната прес конферецнија ќе бида за најава на протест на здравствените работници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка

Националната единица за борба против криминалот од  Свети Николе поднесе кривична пријава против 39-годишна скопјанка за сомнение за несовесно работење во службата.

Националната единица за борба против криминалот од свети николе поднесе кривична пријава против скопјанка

Пријавата до обвинителството е заради тоа што не организирала и не спровела законски предвидени контроли кај правно лице во Свети Николе.

Пријавата е поради наводно непостапување при извршување на службените обврски.

Според МВР, пријавената во периодот од ноември 2022 до август 2024 година, како претседател на комисијата за оценување на исполнетоста на условите за одгледување канабис за медицински цели при министерството за здравство, не организирала и не спровела законски предвидени контроли кај правно лице во Свети Николе.

Од МВР информираат дека со пропуштањето на контролите било овозможено производство над дозволеното количество, при што со последователна контрола во февруари 2025 година бил констатиран вишок од 56 килограми канабис. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белингем се огласи по елиминацијата на Англија од Светското првенство

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем даде изјава по елиминацијата на Англија од Аргентина, а исто така објави и писмо од возач од Канзас кое му оставило впечаток.

Белингем се огласи по елиминацијата на Англија од Светското првенство

Англија го имаше финалето на Светското првенство „во џеб“ – водеше против Аргентина со 1:0 сè до 85-тата минута, а потоа прими два гола во рок од седум минути.

Лео Меси беше асистент, а стрелци беа Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез.

Потоа во поразената репрезентација завладеаја нервоза, тензија и хаос, при што Џуд Белингем дури и го „удри“ Валентино Барко во главата.

Сега, фудбалерот на Реал се огласи на Инстаграм и сподели едно писмо.

„Навистина се мачев да ги најдам вистинските зборови за сè што се случи во полуфиналето и во изминатите неколку недели. Пресуден момент беше писмото што нашиот возач ни го остави во Канзас“, започна Белингем, а потоа и објави фотографии од тоа писмо.

Но, пред тоа, тој им се обрати на навивачите на Англија.

„Ви благодарам за фантастичната поддршка и на оние што потрошија пари за да дојдат во Америка да нè бодрат и на оние што го направија тоа од дома. Не дозволувајте заедништвото и љубовта што ги видовме да ја завршат оваа кампања. Кога ќе се собереме, можеме да постигнеме многу заедно. И ќе постигнеме“, напиша Белингам.

Што пишува во писмото на возачот Мајкл Чендлер?

Возачот на тимот на Англија во Канзас беше Мајкл Чендлер, кој по елиминацијата од Светското првенство остави рачно напишано писмо од четири страници како порака за Англија, насловено „Патот на лавот“ (The lion way), алудирајќи на прекарот на националниот тим.

Писмото го пренесуваме во целост:

„Лавот не се фали гласно, ниту трага по пофалби од секоја публика. Тој го познава рикот што ја тресе ноќта – тој се раѓа кога стравот ќе се сретне со силата. Борбата не се води само против непријателот; највистинскиот терен е непознат. Пред да се покаже вистинската грациозност, срцето мора прво да ја добие својата трка. Зашто силата е повеќе од брзината на движењето или цврстината на чекорот. Таа живее во железната волја повторно да се искачи на уште пострмен рид, дури и кога телото се заморува, а нозете стануваат тешки во борбата. Истрајноста е верен пријател; до самиот крај таа шепоти: ‚Издржи, остани цврст‘. Но, трпеливата игра и одмереното темпо секогаш ќе ја победат непромислената брзање. Соко може да го види теренот одозгора – не заради тактики или скриени трикови, туку заради мудроста што се кали токму на тој терен. Човек треба да знае кога притисокот е вистинскиот потег и служи на целта, а кога воздржаноста го покажува патот. Бурата може да беснее. Публиката може да плаче, а резултатот може да се вивне до небото. Но, ништо од тоа не може да ја покори душата чија цел управува со секој погодок. Ниту еден судија не може да ти го одземе изборот; Англија гордо го носеше симболот на ‚трите лава‘, не бркајќи ја минливата светлина на славата, туку трагајќи по поблагородна награда.

Да се ​​надминеш себеси пред очите на луѓето. Тие веруваа во нозе што тренирале со години, веруваа во умови што стекнале спокој, веруваа во срца што не се предаваат. Иако крајот се приближуваше со секоја минута, еден совршен потег, едно несебично додавање, еден миг роден од безброј задачи... Мрежата попушти, публиката се крена на нозе, а громогласен извик одекна и меѓу пријателите и меѓу противниците. Победата им припаѓа на оние што владеат со себе пред да удрат, и затоа заслужуваат поголемо име од оние што само ја играат играта. Последниот свиреж означи крај, натпреварот заврши, а задачата на „трите лава“ е успешно извршена. Резултатот беше победа и вечно кревање на златото. Но, најголемиот триумф, јасно видлив за сите, беше тивкото владеење со себеси; зашто трофеите избледуваат, публиката се смирува, а само времето ги надживува сите вештини. Но, оние што владеат и со срцето и со умот, ги оставаат стравот и сомнежот далеку зад себе, чекорат по древниот пат на лавот, мирно го поднесуваат секој товар и цврсто и непоколебливо се соочуваат со секое искушение. Нека дисциплината биде сила во тебе, зашто среќата не ги следи оние што се гласни, ниту оние што командуваат со најголемите маси, туку чекори зад оние што ги добиле најтешките битки. Не на теренот под рефлекторите, туку длабоко во себе, низ непроспиените ноќи. И кога ќе се слушне последниот свиреж и победата ќе ги рашири своите златни крилја, највистинскиот извик сè уште ќе одекнува. Зајакната душа. Безбедна душа“, се вели во писмото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се обратил на конференцијата во Вашингтон за борба против политичкиот тероризам

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави што зборувал на конференцијата во Вашингтон за борба против политичкиот тероризам.

Муцунски се обратил на конференцијата во Вашингтон за борба против политичкиот тероризам

Тој рекол дека политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во заедничката безбедносна архитектура и современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото.

Во говорот на отворањето на конференцијата американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека САД ќе се фокусираат на меѓународните антитерористички напори кон „екстремно левичарски терор“, велејќи им на претставниците од повеќе од 60 земји дека левоориентираното насилство се запоставува. Според него, заканата од исламскиот милитаризам е „значително намалена“ благодарение на координираните меѓународни напори. Но, тој предупреди на „неоспорната реалност“ дека растечкото левоориентирано насилство е „слепа точка“.

„Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици. Настанот е значајна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер