Вработените во јавниот сектор в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје

Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи в сабота и на тој начин ќе се одработи неработниот ден од годинава, 2 јануари.

Како што информира министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција на секоја локација ќе има обезбедено екипи од градските јавни претпријатија, соодветни стручни служби и алат за да помагаат на луѓето кои ќе чистат.

Локациите на кои ќе се одвива акцијата се езерцето Треска во Сарај, Акведуктот, СЦ „Борис Трајковски", Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден", Јужен булевар, „Бихаќка", Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо", Железничката и автобуската станица, улица „Џон Кенеди", кај Собранието, цела улица „Македонија", МКЦ и МТВ, касарната „Гоце Делчев", улица „Ферид Бајрам", улица „Александар Урдаревски", Европската очна болница, улица „Индустриска" во Гази Баба и целиот кеј на реката Вардар.

Манчевски посочи дека за успешно спроведување на акцијата ќе бидат задолжени раководителите на институциите, односно премиерот, министерите, градоначалниците и директорите на институциите што ќе бидат присутни на овие локации, а Град Скопје дополнително обезбедил и соодветна механизација за одредени локации.

До локациите што се наоѓаат малку подалеку од центарот на градот особено Акведуктот и Сарај, ЈСП обезбедил и превоз. За сите кои се вклучени во акцијата се обезбедила и соодветна опрема односно заштитни ракавици и вреќи.

Акцијата, информира Манчевски, ја помогнаа канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека основна цел покрај тоа што ќе се исчисти е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.

Претставничката на граѓанското здружение „Не биди ѓубре" Ирена Ристиќ смета дека треба да се поработи на тоа да се едуцираат децата, а возрасните да се казнуваат, затоа што, како што вели, „малку е доцна да се едуцираат" и смета дека казните ќе завршат работа.

– Тоа што треба да го научиме за почеток, едни бебешки чекори за жал, е дека жардињерите не се канти за ѓубре, дека собраните лисја по улиците не се покана да го фрлите она што не ви треба врз нив, дека грмушките исто така тоа е феноменално зошто луѓето ги полнат грмушките со ѓубре, тоа никогаш нема да го разберам, рече Ристиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Манчевски информираше дека предлагаат укинување на софтверот „Балансер" кој однапред ја одредуваше етничката припадност за кое било вработување, и како што вели, не постојат законски санкции за некој кој ќе се обиде да го изгира системот.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

Специјално отворено студио на Канал 5

Претседателски и парламентарни избори 2024. Специјално отворено студио на Канал 5. Информации, анализи, директни вклучувања…

Кој ќе биде новиот македонски претседател? Која партија ќе биде најбројна во парламентот? Кои се можните постизборни комбинаторики. Над 10 политички експери ќе ги анализираат резултатите и кои се идните сценарија…

Горан Момироски, Љупчо Зиков, Драган Павловиќ, Љуљзим Фаризи, Зоран Бојаровски, Јован Донев, Никола Пановски, Петар Арсовски, Срѓан Керим, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу.

Почнуваме веднаш по централните вести во 18 и 30 заедно со Александар Видиновски и Елизабета Галевска.

Утре Македонија одлучува – специјално отвoрено студио - претседателски и парламентарни избори на Канал 5!

притисни ентер