Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк - Канал 5

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк

Механичарите вработени во компанијата „Боинг“ најавија дека ќе штрајкуваат бидејќи го отфрлиле договорот со кој во следните четири години ќе им се зголемат платите за 25 отсто.

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк

Меѓународната асоцијација на механичари и работници во воздухопловството соопшти дека 94,6 отсто од работниците гласале за отфрлање на договорот, а 96 отсто гласале за штрајк. За организирање на штрајкот им беа потребни две третини гласови од вкупно 33.000 работници во компанијата.

Штрајкот е само еден од низата предизвици за новата генерална директорка, Кели Ортберг, која пред шест недели доби задача да ја заживее компанијата, која во последните шест години изгуби повеќе од 25 милијарди долари и сериозно заостанува зад европскиот ривал „Ербас“.

Ортберг ги предупреди механичарите дека гласањето за штрајк ќе го загрози закрепнувањето на „Боинг“ и ќе предизвика дополнителни сомнежи за компанијата во очите на клиентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“.

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата  ,,Сервис за стари лица"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината.

„Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите заинтересирани да се пријават. Со овој проект обезбедуваме директна поддршка, социјализација и помош за нашите пензионери. Им го олеснуваме секојдневието на повозрасните и им овозможуваме достоинствена и соодветна нега во нивните домови“, рече Герасимовски.

За време на посетата, градоначалникот разговараше со 76-годишната корисничка на сервисот и со негувателката Бранка Милковска, кои посочија дека услугата, покрај грижата и поддршката, создава и блиски односи и искрени пријателства.

Проектот обезбедува домашна посета на негуватели трипати неделно, во траење од по два часа, помош во секојдневните активности, одржување на личната хигиена, давање терапија, подготовка на оброци, набавка на прехранбени производи и лекови, како и разговор и дружење.

За корисниците на кои им е потребна физикална терапија, обезбедени се посети од физиотерапевт двапати неделно, во траење од по еден час.

Проектот „Сервис за стари лица“ се реализира во соработка со здружението „Хуманост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот,  Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство, признавајќи дека не се однесувал спортски на крајот од натпреварот.

Непријатната ситуација меѓу поранешните соиграчи од Манчестер Сити се случи веднаш откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија.

Бернардо Силва набрзо потоа пропушти одлична шанса за израмнување, а Родри многу гласно и „диво“ го прослави неговото промашување, предизвикувајќи видлива реакција од португалскиот играч од средниот ред.

Иако тензиите стивнаа веднаш по натпреварот, Родри во разговор со новинарите нагласи дека мисли дека направил грешка.

„Како прво, сакам да се извинам затоа што не се однесував коректно кон мојот колега. Инстинктивно ја прославив неговата грешка, што беше погрешна од моја страна. Тој ми прости и му се извинувам уште еднаш“, рече Родри.

Иако беше прогласен за најдобар фудбалер на еврпското дерби, шпанскиот капитен изјави дека признанието не требало да му припадне нему.

„Кога ќе влезете од клупата и ќе го постигнете одлучувачкиот гол на таков начин, тогаш вие сте играч на натпреварот. Јас би му ја доделил наградата на Мерино. Залагањето на целиот тим беше за паметење“, заклучи Родри, оддавајќи признание на стрелецот на победничкиот гол што ја одведе Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Еден повозрасен патник им подлегна на повредите откако автобус полн со патници се преврте во Турција. 

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Во болниците продолжува лекувањето на уште 40 повредени лица.

Несреќата се случила на автопатот Каман-Анкара, во близина на Кирикале, кога возачот изгубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел, јавува Анадолија. Повредените со возила на брза помош биле пренесени во градските болници.

На терен се екипите на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарната служба, здравствената служба, жандармеријата и полицијата.

„Теренот стана лизгав поради првиот утрински мраз. Незгодата беше предизвикана од лизгавиот пат. Уште еднаш гледаме дека сите патници во нашите автобуси мора да носат сигурносни појаси“, рече Сарибрахим. Како што наведе тој, возачот на автобусот е задржан во притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер