МакедонијаВработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)Мала средба што потсетува зошто ја чуваме Шар Планина, стои во објавата на Фејсбук.При теренска обиколка, вработените во НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња. Тие накратко се стрчале кон нив, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратиле во шумата. Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити. Срните биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа и биле оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката. Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе. Шар Планина е дом на безброј диви приказни, да ѝ дозволиме на природата да го следи својот тек. Тагови: Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендерЧетири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантитеШпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата.. Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСедница на социјално - економскиот советЗаконот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет...Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки. По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка. Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter