Вработени во „ Македонски пошти“ протестираа поради доцнење на декемвриската плата - Канал 5

Вработени во „ Македонски пошти“ протестираа поради доцнење на декемвриската плата

„Без плата, нема работа!“ Со ваква порака најавувајќи можен штрајк за во иднина вработените на АД „Пошта“ излегоа на протест, а се примаа само службени поштенски пратки, поради доцнење на декемвриската плата.

Вработени во „ Македонски пошти“ протестираа поради доцнење на декемвриската плата

До 15-ти во месецот како што налага законот, плата на време не добивавме неколку месеци, но тоа што месецов се уште немаме приходи „го проби дното“, порача Претседателот на Синдикалната организација на „Пошта“, Сашо Димитриевски.

-Ова е трети или четврти месец како ни доцни платата, но овој месец го проби дното, бидејќи денеска сме 23 јануари. - Сашо Димитриевски - Претседател на Синдикална организација на „Пошта“.

Вработените во Пошта, добија поддршка и од Сојузот на синдикати на Македонија, чиј лидер, Слободан Трендафилов подвлече дека не смее да се дозволу 2000 семејства да бидат оставени на милост и немилост без заработената плата, а обвини и дека врз вработените се вршеле и притисоци.

Генералниот директор Орхан Куртиши за Канал 5 смета дека протестот бил политички мотивиран, вработените решиле да излезат на протест иако им било кажано дека денес им стигне платата. Најави и тужби зошто претставниците на Синдикатите говореле невистини.

Од таму посочуваат дека се во постојана комуникација и координација со Владата и со „заедничка соработка, во континуитет ги наминуваат проблемите што настануваат во тековното работење“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Денеска на собраниска седница е  интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.

Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер