СветВработени во американските агенции: Не сме слуги на Илон Маск, туку јавни службенициСтравот и гневот кои со недели тлееја во американските федерални агенции дополнително ескалираа откако Илон Маск, милијардер и извршен директор на Tesla и SpaceX, рече дека ќе ги пронајде и казни оние што ќе објават информации за неговата работа.Стравот и гневот кои со недели тлееја во американските федерални агенции дополнително ескалираа откако Илон Маск, милијардер и извршен директор на Tesla и SpaceX, рече дека ќе ги пронајде и казни оние што ќе објават информации за неговата работа во медиумите како дел од владината иницијатива за намалување на бирократијата. Вработените во неколку федерални агенции изјавија за Политико дека со недели дејствуваат крајно претпазливо поради страв од одмазда - тие автоматски ги бришат пораките на апликациите како Сигнал, фотографираат документи наместо слики од екранот и користат приватни уреди за да комуницираат едни со други. Но, многумина сметаат дека јавноста треба да знае што се случува внатре во т.н. Одделот за владина ефикасност (DOGE), предводен од Маск, без оглед на ризиците поврзани со контактот со новинарите. The New York Times is pure propaganda. Also, I look forward to the prosecutions of those at the Pentagon who are leaking maliciously false information to NYT. They will be found. pic.twitter.com/xANvLMOH5j — Elon Musk (@elonmusk) March 21, 2025 „Њујорк тајмс“ пред два дена објави дека Маск требало да добие таен брифинг во Пентагон за можна војна со Кина, што Маск, Трамп и министерот за одбрана Хегсет го негираа. Но, Маск на платформата X рече дека „оние кои злонамерно шират лажни информации до NYT ќе бидат пронајдени и кривично гонети“. „Ние сме јавни службеници, а не слуги на Илон“ Зборовите на Маск, според вработените во неколку федерални агенции, не го дале посакуваниот ефект - всушност поттикнале дополнителна решителност да се зборува за ситуацијата во владините институции. „Ние сме јавни службеници, а не слуги на Илон“, рече вработена во американската Администрација за храна и лекови (ФДА), која, како и другите интервјуирани, сакала да остане анонимна. „Јавноста има право да знае колку е ова нефункционално, деструктивно и лажно“, додаде таа. Вработен во Министерството за земјоделство (USDA) ги нарече информаторите „патриоти“. „Помагањето на новинарите да известуваат за состојбата во агенциите произлегува од желбата за поголема транспарентност - истата цел што Маск јавно ја промовира“, рече тој. „Маск и оваа администрација не заслужуваат исклучоци“, додаде тој, мислејќи на администрацијата на Трамп. „Ако Обама или Бајден го направеа ова, никој немаше да го толерира.“ Страв од надзор, отпуштање и прогон Вработените во повеќе агенции, вклучително и Националниот институт за здравство (NIH), велат дека стравот од надзор е сеприсутен - тие не знаат дали камерите или софтверот се всушност инсталирани на уредите, но чувството дека тие се следени постои со недели. „Разговараме лично, надвор од зградата, без телефони. Сѐ повеќе колеги ги исклучуваат телефоните, одат во подруми или шетаат надвор“, вели еден вработен во НИХ. „Ако некој одбие да зборува на апликација како Сигнал или лично, јас веднаш му верувам.“ Некои вработени веруваат дека Маск веќе има искуство во откривањето на изворот на информации: во Tesla, тој наводно вметнал препознатливи обрасци, како што се различен број празни места, во кодирани пораки за да го идентификува изворот на истекувањето. Се стравува дека тој би можел да примени слични методи на владините агенции. „Поради сѐ што вели Маск, повнимателен сум да ги проверувам информациите пред да ги споделам“, рече истиот вработен. „Ова е заплашување да се замолчат вработените - и за жал, делумно е успешно.“ Службениците можат да ги пријават колегите кои објавуваат информации во јавноста Директорката на националното разузнавање Тулси Габард, исто така, минатата недела најави дека агресивно ќе ги гони оние кои „неовластено“ објавуваат информации во медиумите. Иако претходно изрази сочувство за свиркачот Едвард Сноуден, таа сега вели: „Политички мотивираните протекувања ја поткопуваат националната безбедност и довербата на граѓаните и нема да бидат толерирани.“ Канцеларијата на директорот отвори и специјална линија за укажувачи - така што вработените во разузнавачкиот сектор можат анонимно да ги пријават колегите за потенцијално неовластено однесување. Но, вработените во Одделот за домашна безбедност (DHS) тврдат дека повеќето од оние кои контактираат со новинарите го прават тоа не од политички мотиви, туку од јавен интерес. „Слободата на говорот и слободата на печатот се од суштинско значење за транспарентноста и одговорноста, особено во климата на нестабилност создадена од оваа администрација“, рече еден функционер на DHS. „Изразувањето загриженост е дел од нашето уставно право. Секоја влада мора да дозволи вработените да се чувствуваат слушнати, а не замолчени.“Тагови: Маск агенции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook